Проблемот јас го гледам на апсолутно истото место како и во женски бутик.
Нема соодветни клупи за седнување и одморање.
1. Луѓе кои седат на бенч клупите или на некои од справите со седење за да се одморат. Со тоа ги нервираат околните вежбачи, и воедно го намалуваат задоволството во теретаната. Логика теретани.
2. Луѓе кои отишле во бутик со девојка им, и немаат каде да седнат и да си сурфаат на мобилен. Со тоа ја брзаат девојка им, и воедно им го намалуваат профитот на продавниците. Логика бутици.
Никогаш не сфатив како не ги согледуваат овие ПРОСТИ работи кои често ги чинат целиот бизнис.