Еве вака.
Креатин - има функција која е акумулаторна односно ги зголемува количините на вода и АТП во самите мускулни клетки. Тоа не настанува одма туку треба пролонгирана употреба за да се случи. Значи подобрувањата ќе се осетат после недела дена употреба најмалку.
Кофеин/Таурин - е стимулант кој се користи исклучиво пред вежбање за да се добие стимулирачки ефект на вишок енергија. Тоа е потполно исто со пиење на кафе на пример, само во поголеми количини. Или подобро кажано РедБул. Голем број бодибилдери користат РедБул пред вежбање.
NO - Е нитро, односно вазоекспандер. Исто како што се даваат апчиња нитро при срцеви заболувања. Тоа има релативно краткотрајно дејство (значи за консумација пред тренинг) и неговата поента е да ги рашири крвните садови. Со тоа ќе се добие понизок кардиоваскуларен притисок, зголемен проток на крв и потребни супстанции до мускулите.
Вода - Водата има улога на проретчување на крвта и зголемување на крвната динамика. Крвта ќе е потечна и полесно ќе се движи низ крвните садови и ќе го растерети срцето за пумпање на потребните супстанции кои ги бараат мускулите.
Ете тоа се ефектите од NOX.
Сигурно овие работи досега си ги внел преку храна, на овој или оној начин. Така да ништо страшно не е.