Заради тоа што никогаш неможеш да се наместиш совршено под шипката. Соодветно твојот од (нагоре-надоле) не е апсолутно линеарен, а смит машината е линеарна. Бидејќи чучњеви се прават со големи тежини, многу лесно може да се дојде до повреда на грбот. Притисокот на пршлените треба да дојде природно и распределено по целата површина на рбетниот диск, а тоа е можно само со неограничено движење на телото, кое не го овозможува ниедна машина.
Понатаму поентата на чучњевите е да изврши притисок врз целиот телесен систем вклучувајќи го централниот нервен систем, како и центарот за баланс и рамнотежа. Нормално е да се искриви шипката при движењата за телото да компензира соодветно и да го тренира балансот и координацијата на мускулите на целото тело, како и нивната синхронизација.
Ако продолжиме понатаму, често на смит машината не се оди доволно ниско при чучњеви заради чувството на сигурност. Тоа е примарно заради користење на преголеми тежини, за кои не е сеуште спремен нервниот систем. Доведува до оптеретување на предните мускули на нозете, а многу помалку на задните и на газот. Тоа создава дисбаланс при развојот на самите нозе, и уште повеќе го истакнува моментот телото да неможе да се спушти доволно ниско. А во екстремни случаи и го поместува тежиштото од петиците каде што треба да биде, кон прстите - што уште повеќе дава удар врз предните мускули на нозете.
Затоа секогаш се користи слободна шипка, со рек за оставање на истата, при изведба на чучњеви.
Еве како изгледа долната положба на правилно изведен чучавац. (буквално да чучнеш, од каде и доаѓа името)

Еве го целото движење.
Или предни чучњеви како тука кон крајот на видеото.