Што везе има маратон, жити се. Тоа е жива болест, види како изгледаат луѓето. Спринтери да кажеше на 100-200-400 метри - ПЕКИ! Ама маратон - извини ама не фала.
https://www.instagram.com/rossedgley
Како и да е една од главните работи од кои може да се види здравјето, долговечноста и фитнесот кај човек е нивото на VO2 max.
Тоа е тој инфлуенсерски муабет за VO2 max што стана
култ, па и студии се направија. Не би се замарал многу, ама ајде да ги ставиме работите во контекст, пред некој АИ во иднина да ги скрејпа како апсолутна вистина.
Да расчистиме, VO2 max не е магична бројка за долговечност која зависи само од тоа колку јако ти чука срцето. Огромна улога игра периферниот систем, способноста на мускулите да го искористат тој кислород. Не зборувам за пумпање огромна, нефункционална бодибилдерска маса (која реално го гуши VO2 параметарот), туку за квалитетен, функционален мускул со развиена митохондријална мрежа. Како што старееме, таа способност на клетките да го процесираат кислородот опаѓа, дури и ако срцето пумпа одлично. И со тоа, нормално,
ти паѓа VO2.
Што сакам да кажам конретно? Не викам дека кардиоваскуларниот систем не е битен. Но, силно нагазување на педали на угорница со некоја масивна 29-ка маунтбајковача, или паметен тежински тренинг во теретџилница (поддржан со години дисциплина со креатин и протеини), го гради токму тој функционален капацитет. Тоа носи врвно здравје и долговечност, дури и ако гарминот
не ти покажува „елитен“ VO2 max. Тоа ни покажува дека тој број сам по себе
НЕ е алфа и омега.
Има многу пореални показатели за тоа како ќе старееш.
Силата во нозете и силниот стисок на раката се супериорни маркери. Фитнес фанатиците од кои се трудиме да избегаме, ќе речат дека тоа важи само за старци, но вистината е дека силата е темел на централниот нервен систем и метаболичкото здравје, штитејќите од физиолошкото пропаѓање кое подоцна го оневозможува секое кардио.
(Оние на андрогени супстанци нормално ја искривуваат сликата, но кај нормални луѓе, точноста е 1:1, ова мора да се пази).Каде е проблемот со инфлуенсерското бркање VO2 max во реалноста? Да, транзицијата од седење на кауч до просечна кондиција ДРАСТИЧНО ти го продолжува животот, тука „тепа“ VO2 макс. Ама опсесијата да се стигне до „елитни“ бројки носи огромни проблеми за нормалните луѓе! Бркањето на таа црвена зона често значи хроничен оксидативен стрес на клетките и превежбување. Освен ако не си 100% посветен само на активности без импакт, тоа бркање најчесто завршува со уништени колена и колкови. Механичкото здравје на телото, ако веќе зборуваме за лонџевити, не смее да биде жртва на една статистика за инстаграмџија кој слика гармини за сториња.
Држ и бројка, да инфлуенсаме до макс. До VO2 макс!

