Го изгледав цело видео и немаше поента џабе си го потрошив времето. Рандом ствари кажани една по друга во обид да се докаже некоја глупа поента нешто поврзано со муслимани и не знам ти што уште не проба да поврзе. А и ништо од ова што го кажа немаше ни допирна точка со тоа што е toxic masculinity.
Во дилема сум дали да ти пишам " ОК..и Голф 8 е убав " и да завршиме дискусија или да се обидам да ти доловам дека целиот твој цитат од википедија е всушнот главниот проблем што воопшто постои "академскиот" левичарски термин 'toxic masculinity" и дека истиот е пишан со сарказам во сликата која ја постирав....али еве loopz веќе ти пишал.
Кога веќе си строго по академски мислења, еве едно професорско мислење кое го збори истото што и оној погоре кој вчера го постирав, кое за жал пак мора да биде спакувано во рандом јутуб видео за да биде гледливо и после кое се надевам работите ќе бидат појасни.
Го тупиш со небитни видеа и упорно пробуваш да го свртиш муабетот на глупости. Toxic masculinity е да оправдуваш силувања заради тоа како некоја била облечена, тепачки заради некој како те погледнал да не ти се наруши егото, да се тепаат и убиваат хомосексуални и луѓе кои покажуваат емоции.
Не ми се верува дека се занимаваш со глупости од амерички вести(општо со вести што ти оформуваат мислење) па уште повеќе амерички вести кои се меѓу најканцер ствари во светот. Изгледај си го последново видео и слушај какви глупости се лупаат, жените вршеле притисок врз машкоста. WTF
Ако продолжиш со вакви видеа нема поента да се продолжи муабетот затоа што скроз се гледа дека си утнал што е toxic masculinity и скроз грешна поента си одбрал да браниш.
А ова ти што го браниш е скроз неповрзано со тоа што е тема на разговор, а и уште полошо е ако стварно мислиш дека ако некоја машка особа покаже емоции во момент каде што е погоден дека е помалку маж од што треба да е.
Toxic masculinity исто така ти додава на тоа дека машките не смеат да се радуваат, да плачат, да одбијат да одат во војна инаку се помалце мажи нели. Ама ок ти продолжи да си ја браниш замислената поента со глупи видеа што не кажуваат ништо. Следно ако сакаш ќе се префрлиме во здравје темата и брани си го ставот за забрана на абортуси затоа што гледам фокс ти го прават ќејфот.
Според тебе значи е ок да се силуваат жени заради тоа што на некој му дошло, да се тепаат хомосексуалци затоа што така некој му дошло, да се тепаат машки кои покажуваат емоции затоа што така на некој му дошло итн?

И двајцата сте у право. Фразата на сликата е иронично поставена, @DarthJe5us 
Еве се гледа сега дека не е иронично поставена и со причина го пишав постот.