Ништо посебно.
3 пати неделно тренинг по 90 минути, со пауза од еден ден меѓу секој трененг за одмор.
ПОН: 30 минути кардио, 60 минути гради и бицепс со по 3 серии, почнувајки од лесни кон тешки тежини,
ВТО : одмор / он си вози точак.
СРЕ: 30 минути кардио, 60 минути рамо и нозе, исто почнувајки од лесни кон тешки тежини.
ЧЕТ: одмор / он си вози точак.
ПЕТ:30 минути кардио, 60 минути грб и трицепс, почнувајки од лесни кон тешки тежини.
ВИКЕНД: ОДМОР
Исхранатa..онака грубо пишано изледа вака:
1. На ден на тренинг :- Доручек - кафе без шеќер, смути - овесни снегулки со млеко и протеин или 5 варени јајца ( со 2 најмногу 2 жолчки, и јогурт)
- Протеински ручек ( Пилешко, телешко, риба) со најмногу 300 гр јагленохидрати ( печен компир, интегрален ориз) зеленчукова салата во неограничени количини без зејтин или со маслинов, без сирење или минимално, без леб.
- Ужина: свежо овошје, протеин бар или протеински шејк со банана, кафе без шеќер, и/или 100 гр апетисани ( лешник, бадем, кикирики без сол, семки од тиква или лупен сончоглед без сол)
- Вечера после тренинг : протеински шејк со банана или 5 варени јајца ( со 2 најмногу 2 жолчки, и јогурт).
2. На ден на одмор:- Доручек - кафе без шеќер, смути - овесни снегулки со млеко и протеин или 5 варени јајца ( со 2 најмногу 2 жолчки, и јогурт)
- Протеински ручек БЕЗ јагленохидрати ( Пилешко, телешко, риба), зеленчукова салата во неограничени количини без зејтин или со маслинов, без сирење или минимално, без леб.
- Ужина (исто од горе)
Вечера - нема.
3. Не смее да конзумира:
- благо ( колачи, чоколади. сладолед, торти и сл.)
- газирани скокови и џусеви
- алкохол ( бар не редовно и рекумерно..особено пиво)
- солени грицки ( чипс, соленки и сл.)
- junk food.
Овој режим важи додека да ја постигне саканата тежина и фигура, односно да се доведе до респектибилна физичка форма.
Oткако ќе го постигне тоа, кардио тренингот ќе се намали, плус може (во Недела) да си дозволи chеat day, каде јаде/пие што сака, колку сака и кога сака..и тоа би било се.
За чистење и форма како на моите слики погооре или подобро од тоа, режимот последниот месец/два е доста построг и од аспект на тренинг и од аспект на исхрана плус за редовно исфрлање на течности се пие многу чај од коприва и зелен чај или шејк - блендиран лимон, магдонос и ѓумбир и вода.
За спремање за натпревар.... подобро да не знаете, лудаци се тие.
