Автор Тема: Ford Focus 1.5 tdci 120hp, 2015 facelift  (Прочитано 4204 пати)

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 314
Одг: Ford Focus 1.5 tdci 120hp, 2015 facelift
« Одговори #30 на: 05 Февруари 2026, 10:58:28 am »
Da taka beshe so motorot.

Nego celicnite bandazi vidi koja dimenzija se

Ako se 5*108 R16 ET47, jas sum zainteresiran

Пошто колава моментално е на 205-55-16, претпоставувам димензијата на челичните е 5x108, 6.5Jx16 ET50 според https://www.wheel-size.com/size/ford/focus/c346-2015-2019/eudm/#trim-iii-c346-facelift-2015-2019-15-tdci--118-719
Така ги зедов и алуминиумските, иако бараш ET47, мислам и E50 ќе ти одговараат. Да завршам еднаш деновиве со монтажа, па ќе ти кажам што како, иако приоритет ми е да ги продадам комплет со се гуми и оригиналните раткапни.


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9636
Одг: Ford Focus 1.5 tdci 120hp, 2015 facelift
« Одговори #31 на: 05 Февруари 2026, 11:41:05 am »
Ok, pisi pa ke vidime so ke izleze

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 314
Одг: Ford Focus 1.5 tdci 120hp, 2015 facelift
« Одговори #32 на: 14 Февруари 2026, 23:02:00 pm »
Легнаа   :-*



Откако го наполнив првиот пат резервоарот, поминати 780 км, со очекуван просек 5.5 л/100 и пресметано преостанато уште за 177 км. Презадоволен од тоа како се однесува и низ град и посебно на отворено. Околу 70% од поминатите км се на отворено. Тивка, пријатна, комфорна вожња. На убав асфалт, како по шини оди буквално  :D. Моторчето си преди и 120 кс се идеални за мојот стил на возење. Кумплуг мек, лесен и мењач уште полесен. Уште не сум ја светнал внатрешно, проклето време не дозволува. Зедов вакво средство како почетно https://carbox.mk/product/ma-mleko-kokpit-sjaj-300ml-vanila/ Понатамау да запролети, ќе гледам да земам нешто од titanium.mk вака на веб страната ми се видоа добри средства имаат и пристапни цени. Да светниме пластики, лајсни и се останато  ::). Кога ги сменив бандажите со гумите ги видов и дисковите, во одлична состојба се, гладни за километри  ;D. На челичните бандажи останаа и сензорите, па сега тоа ми титка на секое палење и планирам да го исклучам за стално.

Ако некој е заинтересиран за комплет челични со сензори (5 х 108, 16ки) со целосезонски гуми произведени 2024 (две Arivo Carlorful и две Rotalla Setula 4) со оригинал Ford раткапни, бујрум, ќе правиме пазар.

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 314
Одг: Ford Focus 1.5 tdci 120hp, 2015 facelift
« Одговори #33 на: 01 Март 2026, 21:55:44 pm »
Ахх недела  ;D Заслужено перење и гланцање.





3ка каравани  ::)



Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 314
Одг: Ford Focus 1.5 tdci 120hp, 2015 facelift
« Одговори #34 на: 01 Ноември 2026, 22:49:12 pm »
Здраво клабери.
После подолго време, да ја освежиме темата. Фордчето си ја брка работата одлично, а тековно си доби и некои заслужени сервиси последниве месеци:

1. Во април месец, средив некое проблемче околу грејачи (грешката која се јави откако дојде колата во МК и првиот пат турив гориво од Макпетрол и не палеше како што треба од прва). Испадна дека проблемот бил до осигурувач + спој/дотраени жици/контакти. Се среди ова за 2000 ден. После ова никакви грешки не појави на дијагностика. Мора грејачите да се одржуваат во топ форма, пошто учествуваат во процесот на регенерација на ДПФ, па мора да е се во ред, за да функционира како што треба.

2. Направен мал сервис во Јули месец, пред да се оди на одмор:
 - масло LIQUI MOLY, 0w-30 Special Tec F
 - филтер масло Hengst
 - филтер воздух Hengst
 - филтер гориво PSA (оригинално се вградува во Форд)
 - масло во менувач LIQUI MOLY, 75w MTF 5100
Деловите + работна рака. 10.000 ден



3. Пред 2 недели, пошто со време се засили rattle звукот кој го имаше, а и во една прилика после подолг пат, осетив промена во кумплугот, решив да не чекам и ризикувам и сменив комплет сет кумплуг со замаец LUK (385 eur). При овој зафат, сменив превентивно и термостат Gates 3200 ден плус два семеринзи (900 ден). Работна рака овде, 8000 ден.

4. Си зедов OBD2 адаптерче од Temu (700 ден) за да си следам дијагностика, а осебно состојба со дпф.

5. Од Temu зедов и еден крем за чистење фарови, пошто на горниот дел, на двата фара подеднакво почна да се јавува жолтеење. Реков да пробам со поефтина варијанта дали ќе успее, пред да одам кај некој да ми зема 1000+ ден за полирање. Средството беше околу 4 еур мислам и заврши добра работа. Еве после 2 месеци, се нема вратено жолтото пак. Ако го интересира некој, ќе постирам и слики пред-потоа, како и линк до средството ако му треба.

6. Ми откажа bluetooth-от  :-X, па не можам да си го поврзам телефонот. Гледав некои yt видеа како можи да се проба да се ресетира со осигурувач, ама не сум се одлучил до толку да чепкам. Стандардните начини за ресет преку радиото не помогнаа.

7. Едно прашање - дали стоп светлото назад, односно сијаличката има две нивоа/начини на светење? Пошто проверив, двете страни светат црвено без притискање кочница, ама изгледа при притисната педала, истите сијалички светат појако...? Пошто ми титка аларм за стоп светло, едната ја сменив (левата), ама продолжува да титка, ваљда ќе треба и десната.
Сменив и позиција напред лево и десно. Менувањето е многу лесно. Цел фар се вади со два штрафа и раат си работиш на страна.

Во моја сопственост, досега направени скоро 6000 км и сум презадоволен од колата во секој аспект: потрошувачка, практичноста пошто е караван, а вожњата и лежењето на отворен пат се посебно уживање. Останува редовно да се одржува и да не следи среќа по патот. Со all season гумите GoodYear Vector 3 исто сум презадоволен, само чекаме права зима и да се прошета негде на планина, да го тестираме и тоа.

Следен update здравје за регистрација крај на Јануари.  8)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7495
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ford Focus 1.5 tdci 120hp, 2015 facelift
« Одговори #35 на: 02 Ноември 2026, 07:51:27 am »

7. Едно прашање - дали стоп светлото назад, односно сијаличката има две нивоа/начини на светење? Пошто проверив, двете страни светат црвено без притискање кочница, ама изгледа при притисната педала, истите сијалички светат појако...? Пошто ми титка аларм за стоп светло, едната ја сменив (левата), ама продолжува да титка, ваљда ќе треба и десната.


Обично таквата стоп сијалица има две влакна, едното за позицијата кое свети на пуштени светла, и другото влакно свети на притисната кочница.


Отсутен Filip MK

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3023
Одг: Ford Focus 1.5 tdci 120hp, 2015 facelift
« Одговори #36 на: 02 Ноември 2026, 08:51:54 am »
Моделот доаѓа со двомасен замаец, некако поволна ми дојде цената на сетот.

Можеш и тука да постираш линк од Тему за средството за фаровите ако сакаш, да не ти бараме поединечно, моежеби уште некој е заинтересиран. Сакам да пробам на моите фарови, почнаа да пожолтуваат на горната страна.
Своерачен потпис ;)

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 314
Одг: Ford Focus 1.5 tdci 120hp, 2015 facelift
« Одговори #37 на: 02 Ноември 2026, 12:05:20 pm »
 @Filip MK Сетот ми го донесоа од Германија. А овде локално, на едно место беше 28.000 ден, а на друго дури 33.000 ден.

Линк до средството за фарови од Тему:
 https://share.temu.com/b73Ejoxr7JB

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34579
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford Focus 1.5 tdci 120hp, 2015 facelift
« Одговори #38 на: 02 Ноември 2026, 20:18:05 pm »
Со две влакна е сијалицата и кај мене на Ц-Максот. Како што гледам ентериерот е ист, освен кај мене што е малку поголем.

Викендов возев од Виена до Скопје и назад Виена, вожњата е стварно одлична. Многу е тивка, кај мене па со бензинец ептен не постои никаков звук на мотор. Можеш да го чуеш над 3500 вртежи. Кога ќе стигнам на дестинацијата воопшто не се осеќам заморен после 1050км.