Автор Тема: Осветување на коли од свештеник – Бог да го благослови твоето возило!  (Прочитано 442 пати)

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 138
Ако сакате да возите со стил (и со Божја заштита), нашите попови и свештеници ви нудат супер-понуда – осветување на вашата кола, од најновата до старата Застава 101!


Што вклучува нашата услуга?

- Свештеникот ќе го осветли моторот.
- Ќе ви го благослови резервоарот за гориво – за да има помала потрошувачка, помалку да „пие“
- Тркалата ќе добијат посебна молитва – да не се запрат сред пат, кога има најмала потреба!
- Врвно осветување на седиштата – да мириса на свето миро

Цена: Само 600 денари и една свечена молитва за здравје, за вас и вашите патници.
*За осветување на менувач и замаец се доплаќа, во зависност од типот
*Попуст за Алфисти, за кои се препорачува повеќе пати да се осветат колите

Ако мислите дека вашето возило заслужува да биде осветено, пратете ми ПМ и закажете сесија со нас. Не дозволувајте вашиот автомобил да биде само обичен метал – нека биде Благословен! 🙌

Повеќе информации и контакт на http://www.mpc.org.mk/

Фотографии од наши задоволни клиенти:


Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6201
Дали може посебна сесија, да се посвети повеќе време на осветување со вода на каиш/ланче ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6607
  • Шо да пишам тука?🤔
Дали имате адитив за моторно масло?

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7501
  • French diamond
Абе нека имат работа и попојте, нема лошо во то  :) Башка ко ќе ве казнат, барем ќе знајте дека казната е од господ благословена  ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34423
  • Таков е животот... јебига
А да му го осветЛите малце мозокот на шоферот, да не се понаша како кретен, да дава жмигавец на раскрсница и да ги почитува сообраќајните правила? Има таква услуга или не фаќа таму темјанот?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15273


Оџата сунет ќе го направи