Автор Тема: Golf V 1.9 90hp - 2008  (Прочитано 1254 пати)

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6942
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #15 на: 03 Јануари 2026, 12:30:30 pm »
Искрено не знам, можеби сум треснал глупост, но јас сум приметил на иста кола со и без климатроник, онаа без многу повеќе време и требаше да одмрзне и да дува топол воздух.

Можеби така се погодило ете, не викам не.
Корсата и требаа 15 мин да работи и да ја возам да почне да дува топло. Оваа за 3 мин веќе почнува потопол воздух.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Само било која позиција или пак ниво на температура ако сакаш да ја подесуваш, прво намали го до најниска брзина, намести ја позицијата и температурата, почекај барем 5 секунди да се намести во бараните позиции па потоа појачувај со брзината на дување.

За да го зачуваш климатроникот, да не биде отишле внатре механизмите.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8154
  • Плинаш!!!
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #16 на: 03 Јануари 2026, 17:16:01 pm »
Возам службено пежо партнер 2020та 1.6 дизел. Вечност му треба да загрее. Во место ако работи едвај почнува да дува млако. Кога се вози низ град му требаат 20-25 мин за да почне да дува топло. Интересна работа е тоа што му треба некојси 200-300 метра угорничка (да речам угорницата од Сарај коа се уклучуваш на обиколница) и инстантно тогаш температурата доаѓа до пола и веќе не се седи во кола, мора да намалиш температура.

Комшија има опел сигнум. Ја пали и за 30 секунди почнува да дува врело внатре. За 1-2 километри веќе е топло внатре а температурата си стои на минимум. Вебасто нема ама најверојатно има некаков греач на парното. Убава работа.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5361
  • Пиши лаже
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #17 на: 03 Јануари 2026, 19:37:17 pm »
Така, така. Јас ете мислев дека загрева побрзо сепак. :)

Само било која позиција или пак ниво на температура ако сакаш да ја подесуваш, прво намали го до најниска брзина, намести ја позицијата и температурата, почекај барем 5 секунди да се намести во бараните позиции па потоа појачувај со брзината на дување.

За да го зачуваш климатроникот, да не биде отишле внатре механизмите.

Искрено не сум слушнал за овакво нешто. Јас само притискам ауто и толку. Температура стои цело време 22 и може да намалам ако ми дојде жешко уз возење.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6942
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #18 на: 03 Јануари 2026, 20:01:56 pm »
Мене ми е совет даден од мајсторот кога мојот климатроник го средував, каде што сите механизми беа пепел искршени.

И кршењето настанува баш кога на високо ниво на дување менуваш позиции, тогаш моторите ги подесуваат клапните додека дува воздух на висока брзина и страда.

Јас си го практикувам тоа, 300 евра ме чинеше оправањето на климатроникот, така да не фала, не сакам пак да ги давам.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1903
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #19 на: 04 Јануари 2026, 21:37:24 pm »
Честитки Боше новата лимузина убава среќа да има :) .......а ова што зборите за парното во кабина  , секоја кола различно загрева, еве рооверот што го имав дур не дигне раб температура јок греење, додека астрата сега за 1 минута почнува млако да дува а за 3 до 4 мин почнува топло иако не е постигната раб температуура.....

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8154
  • Плинаш!!!
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #20 на: 04 Јануари 2026, 21:40:34 pm »
Исто и во меривата, ама баш исто.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7024
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #21 на: 05 Јануари 2026, 14:30:18 pm »
Впрочем, компресорот воопшто и не се вклучува кога надворешната температура е испод 10 степени.
Дури и да вклучува ладење, чуму ладење зимно време😂 ем
Ем и да сакаш да се оладиш, воздухот од климата е оладен на околу 10 до 15 степени, а надвор ти е рецимо 11 степени.

Компресорот се уклучува, не сум пробал на минусни температури ама блиску нулата компресорот го користиш за побрзо сушење на воздухот внатре да одмаглиш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10362
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #22 на: 05 Јануари 2026, 16:24:35 pm »
Впрочем, компресорот воопшто и не се вклучува кога надворешната температура е испод 10 степени.
Дури и да вклучува ладење, чуму ладење зимно време😂 ем
Ем и да сакаш да се оладиш, воздухот од климата е оладен на околу 10 до 15 степени, а надвор ти е рецимо 11 степени.

Компресорот се уклучува, не сум пробал на минусни температури ама блиску нулата компресорот го користиш за побрзо сушење на воздухот внатре да одмаглиш.
Нова физика ќе ми кажуваш?

Прво, зошто и кога се замаглува стаклото?
Се замаглува поради тоа што воздухот што го издишуваш е топол и поради тоа има поголема апсолутна влажност која бара кондензира на најладната површина, а тоа е стаклото.
Издишувањето на еден човек во кабина не може да предизвика зголемување на топлина и со тоа покачување на релативната влажност за да почне да замаглува стаклото, освен ако не е пуштена внатрешна рециркулација, но и за тоа е потребно подолго време, за кое што парното ќе го загрее стаклото па така нема да дојде до замаглување.
Второ, зошто е ладно стаклото?
Поради надворешната ниска температура, а ниската температура значи и ниска апсолутна влажност.
Што значи дека е доволно да го вклучиш вентилаторот од кабината кој ќе го внесува надворешниот воздух кој патем има ниска апсолутна влажност.
Така да илузорно е да ја ладиш кабината со АС за да сушиш сув воздух, впрочем ако надвор е 9 степени поладен е воздухот отколку АС капацитетот на ладењедоколку вклучи.
 
Како дознав дека на  Меганот мој не вклучуваше?
Поради идиоти кои велеа дека убаво било климата да работи и зимно време.
Јас зимно време се мрзнам додека загрее моторот, и згора ќе го свртам на ладно врталото и ќе вклучам АС да се освежам, бог да чува.

ПС  во јануари еден пријател ме убедуваше дека лади, вклучил АС, дугмето свети вклучено, врталото на ладење и ми вели гледај, стави рака на вентилациони отвори да видиш како почнува ладно да дува...
Надвор беше -2!
Битно индикаторот за  АС светеше.

Се сетив дека направив неколку грешки, поправено😊
« Последно менување: 05 Јануари 2026, 16:57:07 pm Mikius »

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8154
  • Плинаш!!!
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #23 на: 05 Јануари 2026, 17:08:45 pm »
Ништо не разбрав.
Кај мене кога кругчето се свртено на топло и ќе пуштам АС се пали компресорот. Како загрева колата така се потопло дува, ама прозори не се замаглуваат, или ако се подзамаглиле( обично позади знаат од децава да се подзамаглат) тогаш ги суши инстантно.

Значи компресорот работи и на ладно и на топло.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6649
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #24 на: 05 Јануари 2026, 17:13:40 pm »
Киава има ADS - auto defogging system, што кога се активира, ЗАДЛОЛЖИТЕЛНО го вклучува компресорот, без разлика на надворешната температура.

Сузукито, пошто пуштам клима еднаш месечно обавезно, ради компресорот, СЕКОГАШ го стартува, со разлика кога е ладно - почесто го исклучува. Ама дека работи - работи. И со клима одмаглува речиси инстантно.

Во упатството на Опелот, изричито стоеше дека за одмаглување на стаклата, климата да се пушти, во комбо со вентилатор на 4-ка, или макс. 100% побрзо одмаглуваше со клима отколку без, не е плацебо.

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6942
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #25 на: 05 Јануари 2026, 17:23:17 pm »
Само кога ќе дојде до момент едвај да се одмаглуваат стаклата, значи стасани се за чистење од внатре. :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10362
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #26 на: 05 Јануари 2026, 17:49:12 pm »
Му ја труеме темата на човекот.

Значи овака, компресорот не вклучува на ниски температури, не знам на колку степени но не вклучува, ниту на i30, ниту на i10, ниту на Меганот.
Сигурно има некаде податок на колку степени.
 Замаглување стакла зимно време не ми се случува, ниту со патници внатре, од едноставна причина што АПСОЛУТНАТА влажност на воздухот е ниска при ниски температури.

Кога ќе загрее колата/кабината се загреале и ладните површини така ни во такво сценарио нема замаглување, освен ако не е ставена внатрешна рециркулација, но и тоа не може да биде бидејки по извесно време се исклучува автоматски рециркулација.

Потоај, и да вклучува компресорот на да речеме 8степени надворешна температура, АС има капацитет да олади воздух на 10 до 15 степени, што значи надворешниот воздух е поладен, и со тоа има пониска АПСОЛУТНА влажност, и има поголем капацитет на одмаглување,".

И за крај, ако е сетирано греење, клапната е затворена, така да нема проток на воздух низ делот што го лади воздухот, односно воздухот од надвор поминува единствено низ радијаторот за греење.

Тоа со одмаглување преку АС функционира само летно време (кога ќе опали олуја) и есенско време до да речеме околу 15 степени, кога сеуште не е толку ниска температурата и со самото тоа апсолутната влажност е повисока.

Силе и Дизел, да додадам, светлото што се вклучува не значи дека и компресорот се вклучил.
Дизел, истота функција ја имав и на i30, компресор не се вклучува на ниски температури. Тоа е само автоматизација преку едно копче да ги сврти класните на ветробран и да вклучи АС.
« Последно менување: 05 Јануари 2026, 17:57:14 pm Mikius »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6649
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #27 на: 05 Јануари 2026, 17:53:01 pm »
Само кога ќе дојде до момент едвај да се одмаглуваат стаклата, значи стасани се за чистење од внатре. :)

Ако се стасани до тој степен, голема е веројатноста и кога не се замаглени да ти сметаат и да не се гледа баш најдобро низ нив.

Му ја труеме темата на човекот.

Значи овака, компресорот не вклучува на ниски температури, не знам на колку степени но не вклучува, ниту на i30, ниту на i10, ниту на Меганот.
Сигурно има некаде податок на колку степени.
 Замаглување стакла зимно време не ми се случува, ниту со патници внатре, од едноставна причина што АПСОЛУТНАТА влажност на воздухот е ниска при ниски температури.

Кога ќе загрее колата/кабината се загреале и ладните површини така ни во такво сценарио нема замаглување, освен ако не е ставена внатрешна рециркулација, но и тоа не може да биде бидејки по извесно време се исклучува автоматски рециркулација.

Потоај, и да вклучува компресорот на да речеме 8степени надворешна температура, АС има капацитет да олади воздух на 10 до 15 степени, што значи надворешниот воздух е поладен, и со тоа има пониска АПСОЛУТНА влажност, и има поголем капацитет на одмаглување,".

И за крај, ако е сетирано греење, клапната е затворена, така да нема проток на воздух низ делот што го лади воздухот, односно воздухот од надвор поминува единствено низ радијаторот за греење.

Тоа со одмаглување преку АС функционира само летно време (кога ќе опали олуја) и есенско време до да речеме околу 15 степени, кога сеуште не е толку ниска температурата и со самото тоа апсолутната влажност е повисока.

Ама го тераш муабетов, како да не сме седнати никогаш во кола ние ебаго.

Ќе ти снимам видео од Сузукито како вклучува компресор на 0, 1, 2 степени. Не можам сега, пошто е 16 надвор, 05.01.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7024
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #28 на: 05 Јануари 2026, 17:55:16 pm »
@Mikius не си свесен колку не знаеш точно како фукнционира греењето/ладењето во колата.

Имаш два радијатори еден од климата и еден од парното, ако пуштиш клима можи и топло да ти дува, ама пошто еве те бидува во физика ќе можиш да си ги поврзиш точките. На климите со степени/автоматски, функцијата на одмаглување обавезно го пушта и клима компресорот.

Отвори го упатството од королата да видиш шо пишува.
Дури и праксата тоа го докажува, не мора да ми држиш предавање кога пред очи гледам како се суши побрзо шофершајбната со клима на тепература ете од 2⁰ степени надоврешно, пример.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10362
Одг: Golf V 1.9 90hp - 2008
« Одговори #29 на: 05 Јануари 2026, 18:02:20 pm »
Ќе суши и ако е -10 надвор, но компресор не се вклучува.
Не сум глув, компресор не работи!
АС не грее, (барем не во нелуксузните коли) бидејки не е вграден вентилот (не ми текнува како се викаше) како на куќните клими.