Јас година и пол имам БФ Гудрич, како што спомна Драган и јас не сум по зимски спортови, планини, превои и не се пробани во такви услови, освен тој ден во Аеродром кога падна снег и малку подмрзна и се почуствував малку несигурно.
Баш денеска ги тестирав со нагло кочење на дождот, на раскрсница и не ми се допаѓа како се однесуваат. Знам дека раскрсниците знаат да бидат многу валкани, со остатоци од масло, наталожени издувни гасови/честички, и се што може да капе од колата, ама сепак не е оправдување за слабо застанување.