Дечки здраво ,
Да ја паркирам новата кола и овде на форумот . Трето возило паркирано овде и трета Kia по ред ( од кал да е Киа да е

)
Станува збор за редизајнираниот модел од 5-та генерација на Спортаж . Ниво на опрема Ultimate ,1.6 T-gdi мотор со 150 кс и со 7 степен DCT менувач .
Од опрема има :
- фул лед адаптивни предни светла
- фул лед задни светла
- полукожени седишта со греење (седалниот дел е од платно , другиот од кожа)
- греење на волан
- електрика на возачко седиште (без меморија

)
- Harman Cardon озвучување , со 7 звучници и субвуфер
- Автоматско отворање на петта врата
- палки на воланот за рачно менување на брзини
- амбиентално осветлување
- милион асистенции при возење ( стално нешто титка во возење

)
- двозонска автоматска клима ,
и уште многу , да не ја набројувам цела опрема сега .
На неа имаше 235/55 R18 Continental летни гуми . Во меѓувреме монтирани Michelin Alpine 7, зимски гуми .
Околу изборот на колава ,немав дилема , со оглед дека до сега сите возила ми се од Киа купени и сум задоволен од нив .
Прв пат возам автоматик , и што да кажам ... мераци , поготово во комбинација со адаптивниот темпомат со радар , уживанција на отворено . Оваа функција ми се наоѓа и низ град откако safe city е у функција

Први впечатоци одлични , колава има напредок од неколку чекори во поглед на претходниот Спортаж што го возев .
Јас задоволен , жена ми уште повеќе ,пошто она повеќе ќе го вози од мене

И тоа би било сега за сега .






