Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 155540 пати)

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Сузуки Витариче
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1785 на: 15 Јули 2026, 10:18:29 am »
@savage  опомените стигаат за 2 секунди на СМС, како успеваат да процесираат дали е патничко или товарно?  хмммм

AI Processing power. :)
Потпис.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4172
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1786 на: 15 Јули 2026, 11:28:21 am »
Штом ќе ти ја прочита регистрацијата знае одма какво е. Тоа не бара повеќе од неколку милисекунди да се побара во запис во база со неколку милиони записи(на систем дизајниран и произведен во минативе 15тина години), и треба да е брзо барем за МК таблици.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3929
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1787 на: 15 Јули 2026, 11:35:21 am »
Дали мислите дека системот чита дали е товарно или не? Дали некој знае 100% од искуство да потврди?

Јас мислам дека чита само брзина, а не дека одредува категорија.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Ги препознава дали се товарни системот. 100%

Дознав некои работи врз основа на казната што ја спомнав, па да споделам.
Брзината се мери со генерална толеранција за сите (ова беше објавено од МВР за кој брзина колку е толеранцијата) без разлика какво е возилото (патничко или товарно).

Значи и да е товарно возило кое патува со 119км/ч на место каде е дозволено 120км/ч нема да се процесира казна.
Но, во случај да возилото се движи со 122км/ч како во случајот, при процесирањето на казната/опомената се проверува дали е патнички или товарно.
Ако е патничко, тогаш ќе биде само опомена за 2км/ч над дозволено, а ако е товарно во тој случај го сметаат како 22км/ч над дозволено (максимална дозволена брзина на товарното возило во случајов е 100км/ч).

Значи, на кратко, со вака поставен систем може да се вози товарно до 120км/ч без никаков проблем.
Но, мора да се пази да не се надмине дозволената брзина во никој случај (ниту 1км/ч) бидејќи во тој случај при процесирањето на опомената/казната ќе се смета надминувањето над законското ограничување на товарно возило.



Јас би рекол дека толеранција е до 112кмч, над 100кмч, толеранцијата е 12кмч.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7359
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1788 на: 15 Јули 2026, 11:48:15 am »
Сигурно во системот се мести и да го проверува и типот на возилото ако некој помини со над 100км/ч на 120 ограничено, па со товарно да ја нема и оваа сива зона, ама ај рекоа до толку да не го дупиме магарето.  :D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8344
  • Плинаш!!!
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1789 на: 15 Јули 2026, 15:24:39 pm »
Дали мислите дека системот чита дали е товарно или не? Дали некој знае 100% од искуство да потврди?

Јас мислам дека чита само брзина, а не дека одредува категорија.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Ги препознава дали се товарни системот. 100%

Дознав некои работи врз основа на казната што ја спомнав, па да споделам.
Брзината се мери со генерална толеранција за сите (ова беше објавено од МВР за кој брзина колку е толеранцијата) без разлика какво е возилото (патничко или товарно).

Значи и да е товарно возило кое патува со 119км/ч на место каде е дозволено 120км/ч нема да се процесира казна.
Но, во случај да возилото се движи со 122км/ч како во случајот, при процесирањето на казната/опомената се проверува дали е патнички или товарно.
Ако е патничко, тогаш ќе биде само опомена за 2км/ч над дозволено, а ако е товарно во тој случај го сметаат како 22км/ч над дозволено (максимална дозволена брзина на товарното возило во случајов е 100км/ч).

Значи, на кратко, со вака поставен систем може да се вози товарно до 120км/ч без никаков проблем.
Но, мора да се пази да не се надмине дозволената брзина во никој случај (ниту 1км/ч) бидејќи во тој случај при процесирањето на опомената/казната ќе се смета надминувањето над законското ограничување на товарно возило.
Како и што мислев. Системот мери дозволена брзина. Кога таа е пречекорена тогаш дали системот или некој рачно (што не ме чуди, кај нас се е можно) одредува дали е тоаврно или патничко. Ако е товарно си го јадел, ако е патничко тогаш опомена само.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2541
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1790 на: 15 Јули 2026, 15:37:24 pm »
Опомените стигаат пребрзо за некој рачно да ги проверува. За секое возило во систем при прва регистрација се заведува типот на возилото, во истото барање до база за да се земат вашите контакти и да ви се испрати опомена се зема и типот на возилото. Не е воопшто комплицирана работа.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8344
  • Плинаш!!!
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1791 на: 16 Јули 2026, 01:23:06 am »
Не секогаш стигаат брзо. Два пати до сеа ми стига после после 6-7 саати. Главната причина не ја знам, ама ете не стигаат веднаш барем кај мене.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7359
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1792 на: 22 Јули 2026, 08:59:43 am »
Дали сејф сити фате некој покрив на црвено кај шо прелетува?

Видов и контењер без таблици по улици како престигнува коли, казна за комуналец ќе има?

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3493
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1793 на: 22 Јули 2026, 09:22:10 am »
Камери откачени има ли? Да се маркираат на waze. :D
Вчера по невремето возев и доста имаше паднати дрвја по патот и знаци дури по автопатот до куманово и после регионалниот до страцин.
 

Присутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7252
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1794 на: 22 Јули 2026, 16:46:25 pm »
Според официјално соопштение на УХМР, вчера во Скопје максималната брзина на ветрот била 130 км/ч, а воопшто најсилната брзина на вчерашното невреме е 134 км/ч измерена во Штип.

Таа силина на ветер се класифицира како ураган.
Така да очекувани се такви штети со таа брзина на ветер

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2891
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1795 на: 22 Јули 2026, 18:04:38 pm »
Среќа кратко траеше, ќе имаше многу повеќе штета. За живо чудо нема жртви или потешко повредени, фала Богу.
Своерачен потпис ;)