Самиот процес е неуставен и треба да се покрене иницијатива до уставен суд.
Процесот е глуп, непотребно бирократизиран и комплексен. Ама не разбирам како е противуставен.
II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ
1. Граѓански и политички слободи и права
Член 9
Граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Односно....
Граѓаните кои се подложни на казнување за сторен прекршок поради Safe City имаат нееднакви права во споредба со граѓаните кои за истиот прекршок не можат да бидат казнети поради Safe City во градовите од Македонија каде што овој систем не постои.
Да не се разбереме погрешно.
Барем за сега уживам откако е воспоставен системов од повеќе причини:
1. На мотор сум 11 од 12 месеци годишно и цел сообраќај околу мене е успорен на 45- 50 км/ч за разлика од порано кога на некој во лева лента и на 80 му бев спор. Тоа што радар не ме фаќа е само бонус.
2. За почетници во сообраќајот и со кола и со мотор (кои ги има се повеќе) е многу побезбедно.
3. Има дозволена толеранција до кај 55 км/ч, односно не стигаат казни како што ми стигаа опомени за 51 км/ч во тестниот период и е стварно ствар на навика.
4. Детектирање на нерегистрирано возило.
5. Користење на камерите во случај на hit&run ситуација.
Системот е далеку од совршен и прашање е дали парите од казните ќе се трошат за пополунвање на дупки, рамнење на шахти, подобрување на јавен градски превоз и чистење на градов од кучиња скитници, али според мене, барем за сега делува како чекор напред.
Ако се покаже селективен и несоодветен или треба да се подобри или треба да му се случи Франција.
