Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 8816 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #435 на: 15 Декември 2025, 08:42:30 am »
Баш кај Шарлота е 70. Малку подоле е 90.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3753
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #436 на: 15 Декември 2025, 08:48:46 am »
70кмч треба да биде и на влез се до пластичарска, само 3 пешачки има во тие 4-5км, другите премини сите се над и под патот.
Малце да видеа, од Загреб на пример, колкаво е ограничувањето на таквите булевари...

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1907
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #437 на: 15 Декември 2025, 09:16:00 am »
Реално сценарио од денес: ме носи другар кон аеродром и на излез на Скопје, кај камерата кај Ченто вози во лева лента, а во десна е возило што вози 2-3 км/ч помалце.

На ретровизор забележуваме санитетско возило (брза помош) со упалени ротации, по што другар ми забрзува малце да се тргне во десна лента баш пред камерата.

На телефон инстантно му стига порака за 52 км/ч.

Ова сценарио не е предвидено со закон сигурно, ама што правиме во вакви ситуации? За брза помош, пожарна би се тргнал и би ги платил казните, ама ако ми наидат силеџиите од полициска пратња за кои не сакам да ми страда домашниот буџет бидејќи и онака тој што го штитат ми ги јаде парите, што тогаш? :)

Слично сценарио имаше на семафорите кај Меркур за влез во Скопје. Застанати на црвено еден куп коли, од позади иди брза помош со ротација. Првите коли што беа на семафорот длабоко навлегоа во раскрсницата за да ја пропуштат. Сигурно им стигна казна за на црвено. Кога ќе почне казнувањето, ќе треба ни крив ни должен (само си пробал да бидеш одговорен) да одиш по (нефункционални) шалтери за да не плаќаш казна.

Ако некој плати казна во вакво сценарио (или разбери дека некој близок платил, или пак прочита на ФБ), верувам дека не би пропуштил брза помош/пожарна повеќе. Ама битно системот функционира, сообраќајот е забавен, буџетот ќе се полни.

Впрочем, како да има некоја награда за возење 40км/ч (или 35 според GPS) на празен булевар. Исто за застанување на зелено на семафор.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #438 на: 15 Декември 2025, 11:35:30 am »
Баш кај Шарлота е 70. Малку подоле е 90.
Мислам дека баш кај Шарлота е 50, после има знак 70, а 90 е тек скоро кај исклучувањето за Велес

Sent from my SM-S931B using Tapatalk


Отсутен DENDE - ARTEONED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5689
  • Formerly Lancered recently Arteoned!
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #439 на: 15 Декември 2025, 11:44:57 am »
Kako i da e, super slow e.
Sabotata site vozea 50 i kade sto e 70 i bea puni site lenti.

Mislam deka so tek na vreme lugeto ke gi naucat mestata kade ima kameri i barem sto se odnesuva na otvoren pat ke se vozi pobrzo i pred kamerite ke namaluvaat.

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #440 на: 15 Декември 2025, 13:01:37 pm »
Ја мислам дека треба да се направи една ревизија на знаците пред официјално да се пушти сејф сити. Не може Партизанска кајшто има огромен број семафори и пешачки да биде со ограничување 50, и влез/излез на Скопје од источна страна, кајшто нема ниту семафори ниту пешачки, и лентите се доста пошироки исто да биде со знак 50. Чисто како за споредба, онаа тесната уличка од Дојрана што иде накај Ист Гејт е со знак 40, а таму куќите буквално се залепени на улицата.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk


Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7628
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #441 на: 15 Декември 2025, 14:53:31 pm »
Реално сценарио од денес: ме носи другар кон аеродром и на излез на Скопје, кај камерата кај Ченто вози во лева лента, а во десна е возило што вози 2-3 км/ч помалце.

На ретровизор забележуваме санитетско возило (брза помош) со упалени ротации, по што другар ми забрзува малце да се тргне во десна лента баш пред камерата.

На телефон инстантно му стига порака за 52 км/ч.

Ова сценарио не е предвидено со закон сигурно, ама што правиме во вакви ситуации? За брза помош, пожарна би се тргнал и би ги платил казните, ама ако ми наидат силеџиите од полициска пратња за кои не сакам да ми страда домашниот буџет бидејќи и онака тој што го штитат ми ги јаде парите, што тогаш? :)

Oпцијата е да прикочиш малку, и да влезеш зад него, како би ја ослободил лентата, за да не би морал да се докажуваш на суд што се случува заради прекорачувањето. Се надевам дека и МВР чува копии од овие видеа, како би можело лесно да се докаже што се има случено.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15010
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #442 на: 15 Декември 2025, 15:17:03 pm »
Ја мислам дека треба да се направи една ревизија на знаците пред официјално да се пушти сејф сити. Не може Партизанска кајшто има огромен број семафори и пешачки да биде со ограничување 50, и влез/излез на Скопје од источна страна, кајшто нема ниту семафори ниту пешачки, и лентите се доста пошироки исто да биде со знак 50. Чисто како за споредба, онаа тесната уличка од Дојрана што иде накај Ист Гејт е со знак 40, а таму куќите буквално се залепени на улицата.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk



Баш пред некој ден тоа го коментирав за кај Дојрана.

И тука си доста во право, на излез кај Хиподром 50...Дојрана 40 :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2313
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #443 на: 15 Декември 2025, 15:44:55 pm »
Ма супер е со камериве. Доста квичите. Камо порано да беа ставени, може ќе преживеа сите они прегазени луѓе по Скопје.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16762
  • Keep it 100
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #444 на: 15 Декември 2025, 17:12:21 pm »
Реално сценарио од денес: ме носи другар кон аеродром и на излез на Скопје, кај камерата кај Ченто вози во лева лента, а во десна е возило што вози 2-3 км/ч помалце.

На ретровизор забележуваме санитетско возило (брза помош) со упалени ротации, по што другар ми забрзува малце да се тргне во десна лента баш пред камерата.

На телефон инстантно му стига порака за 52 км/ч.

Ова сценарио не е предвидено со закон сигурно, ама што правиме во вакви ситуации? За брза помош, пожарна би се тргнал и би ги платил казните, ама ако ми наидат силеџиите од полициска пратња за кои не сакам да ми страда домашниот буџет бидејќи и онака тој што го штитат ми ги јаде парите, што тогаш? :)

Слично сценарио имаше на семафорите кај Меркур за влез во Скопје. Застанати на црвено еден куп коли, од позади иди брза помош со ротација. Првите коли што беа на семафорот длабоко навлегоа во раскрсницата за да ја пропуштат. Сигурно им стигна казна за на црвено. Кога ќе почне казнувањето, ќе треба ни крив ни должен (само си пробал да бидеш одговорен) да одиш по (нефункционални) шалтери за да не плаќаш казна.

Ако некој плати казна во вакво сценарио (или разбери дека некој близок платил, или пак прочита на ФБ), верувам дека не би пропуштил брза помош/пожарна повеќе. Ама битно системот функционира, сообраќајот е забавен, буџетот ќе се полни.

Впрочем, како да има некоја награда за возење 40км/ч (или 35 според GPS) на празен булевар. Исто за застанување на зелено на семафор.

Ќе престанат да се тргаат на брза помош и ќе имаш помалку жртви прегазени во сообраќајот, а повеќе загинати во брза помош на пат накај болница. На крај резултатот исто загинати, само градот закочен.

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #445 на: 15 Декември 2025, 18:29:06 pm »
Ма супер е со камериве. Доста квичите. Камо порано да беа ставени, може ќе преживеа сите они прегазени луѓе по Скопје.
Сејф сити нема да спречи некоја нашмркана татина маза да извади/покрие таблици и да лета со 100 на партизанска за да се искурчи пред некоја девојка. Треба да има полиција на терен, посебно ноќе и да врши контрола.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2313
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #446 на: 15 Декември 2025, 18:45:59 pm »
Ма супер е со камериве. Доста квичите. Камо порано да беа ставени, може ќе преживеа сите они прегазени луѓе по Скопје.
Сејф сити нема да спречи некоја нашмркана татина маза да извади/покрие таблици и да лета со 100 на партизанска за да се искурчи пред некоја девојка. Треба да има полиција на терен, посебно ноќе и да врши контрола.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk



Тоа е само твое мислење. Мое мислење е дека од кога ќе почнат да фрчат казни, одземање возачки и овозможување снимки како доказ за кривична пријава за безобзирно возење, драстично ќе се сменат работите.

Отсутен mac_mk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 95
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #447 на: 15 Декември 2025, 19:00:22 pm »
Ма супер е со камериве. Доста квичите. Камо порано да беа ставени, може ќе преживеа сите они прегазени луѓе по Скопје.
Сејф сити нема да спречи некоја нашмркана татина маза да извади/покрие таблици и да лета со 100 на партизанска за да се искурчи пред некоја девојка. Треба да има полиција на терен, посебно ноќе и да врши контрола.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk



Тоа е само твое мислење. Мое мислење е дека од кога ќе почнат да фрчат казни, одземање возачки и овозможување снимки како доказ за кривична пријава за безобзирно возење, драстично ќе се сменат работите.
Како прво, не е цело Скопје покриено со камери, пак има места каде може да се вози диво без да те фати камера. Како второ, сејф сити не прави алкотест, затоа мора да има полиција на терен. Како трето, како што кажав и во претходниот пост, некој под дејство на алкохол или дрога за да се направи мангуп пред девојка или пред друштво ќе земе ќе извади таблици и ќе лета со 100 на партизанска, џабе после казната ако тој усмрти некој.

Sent from my SM-S931B using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6081
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #448 на: 15 Декември 2025, 19:25:43 pm »
Албанија во европска ќе влези пред да проработи системов нормално. Толку време ќе фати пеглање свашта. Така да џабе паники и муабети. 50000 финеси има за средување на цела работа, волја за работа да имаат ќе фати времиња не овака никој кај што не знае кај тера.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #449 на: 15 Декември 2025, 20:45:30 pm »
Тешко се вози низ град кога има гужва. Најлошо од се е кочењто нагло на зелено трапкање на сама линија на застанување на семафор. Во исто време будали нервозни заобиколуваат и на црвено продожуваат. Ама ајде ќе се навежбаме за некоја година да не се паничи толку.