Пошто сум на иста мака, тазе директор на нова фирма

ќе се надоврзам тука...
Во последната фирма каде што работев, имавме ваков мултифункционален ХП М127 да не беше.
Принтавме нескромно и не киксна ниту еднаш. Заменските тонери беа по 700мкд ама не траеа многу страни како што се декларираше.
При консултација со една продавница тука во Кавадарци, кои се профи и се знаеме оддамна, ми понудија да го избегнам ХП во широк лак.
Му велам ќе принтам едвај 10-20 листови месечно, и пак ми контрира као ќе се шириш, ќе ти треба да трае, ова она. Претпоставувам дека беше пристрасен како застапник дилер на Брадер и Канон. Канон не правел мали единици и висока препорака даде за Брадер. Демек бил како магаре, не знаел за назад па макар да го умреш од работа. Башка бил Јапанец, демек...?
И сега наместо да поминам со 7-8000мкд, треба дупло да дадам за Брадер.
Совет?
Инаку
@Roci јас мислам дека треба да бидеш над 500-600 евра со буџет, да земеш нешто јапонско стабилно што нема да стенка.
5000 листови месечно не се малку. Јас така би играл. Најважно да има брз сервисер и подршка.