Како прво, со оглед дека е пред 79та би набавил напред а и позади пластични поткрила доколку не го направил некој тоа пред мене.
Вроро, снацијаа на корозија и квалитетно заштитно средство на подвозјето и вратите (никако бетумен)
Трето, средуванје на декорацијата на вратите, а би пробал да најдам оригинален волан.
Четврто, благо полирање на бојата со некој квалитетен заштитен премаз.
На крај средување на оригиналните бандажи со автентични гуми, сервис и имаш прекрасно возилце за изложби и за одење на кафе во недела.(за друго и не го бива)
На кратко тоа
Како прво е 1982.
Пластични поткрила позади на овој модел не оделе фабрички ако веќе зборуваме за оригиналност.
Со оглед дека ќе биде на суво и ќе се вози по суво време за сега не го шлакам дополнително, само беља ке направам, Застава фабрички не го фарбала подвозјето на ниту едно возило што излегло од таму, ако ставам јас заштита сега ќе рѓоса за 2год., кога ќе се реставрира тогаш по пропис ќе се направи. Корозија има минимално на некои места и ќе се заштити локално да не се шири.
Декорацијата на вратите треба да види само крпа и средство, ништо повеќе, воланот е оригинален, последната серија Медитеран со ваков волан доаѓаше, исто и Конфорт, како што се вградувани од 1983 во GT и GTL.
Бојата може со најмеката полир паста да се помине чисто да дојде до израз, ништо повеќе.
Оригиналните бандажи може на приколка само да одат, ова возило ќе си добие прописен алу бандаш од негово време, ако најдам здрави ќе добие Cromodora CD57.
Предницата ќе си добие санки и коска, исто така и пониски амортизери зошто им е маана на сите Заставини возила да го тераат трапот во плус, односно да ги собираат тркалата при возење, со спуштање тој проблем се решава.
Инаку Медитеран 1300, Специал и Супер Конфорт од фабрика се со двогрли карбуратор, Медитеранов ќе ја добие верзијата на двогрли од Супер Конфорт Weber DMTR 30/32.