Автор Тема: Zastava Mediteran 1100 ‘82  (Прочитано 1070 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #15 на: 19 Ноември 2025, 19:16:14 pm »
Во повистински раце не можел да падне.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14911
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #16 на: 19 Ноември 2025, 19:17:25 pm »
Алуминиумски бандаж и двогрли карбуратор  ???
Без навреда ама мислам во погрешни раце е медитеранот

Ти шо би направил бе Мешко? 😄

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #17 на: 19 Ноември 2025, 19:39:52 pm »
Како прво, со оглед дека е пред 79та би набавил напред а и позади пластични поткрила доколку не го направил некој тоа пред мене.
Вроро, снацијаа на корозија и квалитетно заштитно средство на подвозјето и вратите (никако бетумен)
Трето, средуванје на декорацијата на вратите, а би пробал да најдам оригинален волан.
Четврто, благо полирање на бојата со некој квалитетен заштитен премаз.
На крај средување на оригиналните бандажи со автентични гуми, сервис и имаш прекрасно возилце за изложби и за одење на кафе во недела.(за друго и не го бива)
На кратко тоа

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #18 на: 19 Ноември 2025, 19:46:23 pm »
А да, и обавезно на предницата скии и коска од амортозер до амортизер

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3749
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #19 на: 19 Ноември 2025, 20:09:14 pm »
Како прво, со оглед дека е пред 79та би набавил напред а и позади пластични поткрила доколку не го направил некој тоа пред мене.
Вроро, снацијаа на корозија и квалитетно заштитно средство на подвозјето и вратите (никако бетумен)
Трето, средуванје на декорацијата на вратите, а би пробал да најдам оригинален волан.
Четврто, благо полирање на бојата со некој квалитетен заштитен премаз.
На крај средување на оригиналните бандажи со автентични гуми, сервис и имаш прекрасно возилце за изложби и за одење на кафе во недела.(за друго и не го бива)
На кратко тоа


Како прво е 1982.
Пластични поткрила позади на овој модел не оделе фабрички ако веќе зборуваме за оригиналност.
Со оглед дека ќе биде на суво и ќе се вози по суво време за сега не го шлакам дополнително, само беља ке направам, Застава фабрички не го фарбала подвозјето на ниту едно возило што излегло од таму, ако ставам јас заштита сега ќе рѓоса за 2год., кога ќе се реставрира тогаш по пропис ќе се направи. Корозија има минимално на некои места и ќе се заштити локално да не се шири.
Декорацијата на вратите треба да види само крпа и средство, ништо повеќе, воланот е оригинален, последната серија Медитеран со ваков волан доаѓаше, исто и Конфорт, како што се вградувани од 1983 во GT и GTL.
Бојата може со најмеката полир паста да се помине чисто да дојде до израз, ништо повеќе.
Оригиналните бандажи може на приколка само да одат, ова возило ќе си добие прописен алу бандаш од негово време, ако најдам здрави ќе добие Cromodora CD57.
Предницата ќе си добие санки и коска, исто така и пониски амортизери зошто им е маана на сите Заставини возила да го тераат трапот во плус, односно да ги собираат тркалата при возење, со спуштање тој проблем се решава.

Инаку Медитеран 1300, Специал и Супер Конфорт од фабрика се со двогрли карбуратор, Медитеранов ќе ја добие верзијата на двогрли од Супер Конфорт Weber DMTR 30/32.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6035
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #20 на: 19 Ноември 2025, 20:43:26 pm »
Застава не го фарбаше за антикорозија ама тоа време имаше сервиси стриктно со тоа шо се занимавале, луѓе пензија извадија од мачкање со премази :D Врло вероватно и овој да бил одржаван кај своевремен Даме со керамичка заштита, само тоа време одоздола се ставаше :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6035
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #21 на: 19 Ноември 2025, 20:46:39 pm »
.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 427
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #22 на: 19 Ноември 2025, 21:00:53 pm »
Кај петвратната верзија округли фарови имаше до 78-79та и немаа пластики ,после тоа беа со коцка фари имаа заштитни пластики.  Затоа и помислив дека ова е постара ама со медитеранот изгледа е подруга работата
Како и да е ти си знаеш што како ке правиш, твоја си е.
Со лесно средувањето

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 872
  • The best or nothing.
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #23 на: 19 Ноември 2025, 21:06:32 pm »
Томислав вози низ Србија, ќе набави на купујем продајем уште еден за делови.  :)
Со здравје да го средуваш и уживаш во него.




приклучи се на застава групите во Србија, има многу Nos делови. (не ме чуди админ да си им)  :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14911
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #24 на: 19 Ноември 2025, 23:08:28 pm »
Коска и санки ако планираш да ја возиш stock што ќе ти е?

Башка коска на застава ако планираш резервната да ја чуваш изгледа очајно грдо.

Двогрлен карбуратор на 1100 ќе добиеш 5 коња повеќе. За 1300 и двогрлен ОК да само мислам имаше и други преправки не можам да се сетам сега, порано на памет ги знаев. Која брегаста, каов издув, кое фи да е издувот.

Ако веќе се менува мотор, Томица знае добро, оди пункт варење на шасија окрутување кошот иначе ќе почне да пука школката.

1.4 евентуално 1.5 ќе може без тоа. 1.6 блоковите се тешки.

Долга прича

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3749
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #25 на: 20 Ноември 2025, 06:40:08 am »
Преправки имаш до бескрај ако сакаш да се занимаваш.
Оваа кола има кров, може и некој интересен мотор да се монтира, не се знае, може и 1.6 разбушен на 1.9 🤔

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2680
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #26 на: 20 Ноември 2025, 08:22:30 am »
@t0m1cA Сигурно си во тек, се наоѓа ли уште по некоја Коралка 65 (1300 мотор) кај нас или се потешко и потешко. Оно и на времето не беа баш многу застапени. Остана како некоја детска желба кај мене. Возев 9 години Корал 60 ама со 1100 мотор (го немаше фабричкиот двогрли карбуратор, претходниот сопственик го сменил со обичен, се расипуваа изгледа почесто двогрлите нешто со иглици ако памтам убаво а немаше многу добри мајстори).
Своерачен потпис ;)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3749
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #27 на: 20 Ноември 2025, 09:06:23 am »
Има една, цената е 500еур, ама лимариски е во лоша состојба, треба да се средува, јас сакав да ја купам само ради седиштата, зошто некој паметњакович и ставил седишта од Yugo Cabrio/GVX.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1201
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #28 на: 20 Ноември 2025, 11:04:13 am »
пошо си мераклија на овие коли, читам. Флорида си размислил една?!?!

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3749
Одг: Zastava Mediteran 1100 ‘82
« Одговори #29 на: 20 Ноември 2025, 11:53:39 am »
Преружна ми е, не можам да ја сварам никако :D

Она што сакам уште од Застава програм се: Zastava Poly (50/50 сум уште за ова) и Zastava 101 Special.
А колекцијата во некоја догледна иднина, покрај горенаведените и оние што веќе ги имам, сакам да содржи само уште 3 возила (скромно), American Muscle (не ми е битно, Fastback, Camaro, Challenger, Charger...), Fiat X1/9 Bertone и last but not least Ferrari F355 F1 или Manual апсолутно небитно.
За последното би заменил се освен сивото Cabrio :D