Првата итерација со инфотејментот на ВАГ го имам користено во Octavia, Ateca, Arona, T-Roc, Taigo, T-Cross, Golf 8 и секаде проблемите беа идентични.
Во рандом интервали инфотејментот се гасеше, некогш иритираше многу затоа што те остава без навигација на места каде што требше да се исклучиш.
Не се поврзуваше со Apple CarPlay или конекцијата се губеше.
Интерфејсот беше иритирачки спор, и на моменти не примаше инпут од корисник.
Имаше некои надградби во текот на изминатите 1-2 години, ситуацијата сега е драстично подобра. Има гличови, ама е во рамките на „нормалното„ како и секој инфотејмент.
Во Фејслифтот на Октавија, Новиот Суперб и Голф 8.5 речиси и да нема багови, испеглано е се, и мислам дека сите возила од средина на 2024 па до денес, би требало да имаат солиден инфотејмент без никакви проблеми како на почетокот.