Автор Тема: Препорака за автомобил до кај 11000€  (Прочитано 11542 пати)

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5491
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #45 на: 25 Јули 2026, 11:30:12 am »
Od aspekt na familijarno i golem gepek, octavia e stvarno ponapred od drugite

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2583
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #46 на: 25 Јули 2026, 11:40:11 am »
Подеднакво лесно се влегува и во наведените коли што ги споменав и подеднакво се ке собере и во наведените коли што ги напоменав.

Да беа толку пространи СУВ-овите, немаше секој втор СУВ низ градов што го гледам да има туле на кровот.

Тоа е сепак само твое мислење.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15242
  • Пудингот на шоферството
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #47 на: 25 Јули 2026, 11:50:54 am »
Od aspekt na familijarno i golem gepek, octavia e stvarno ponapred od drugite

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Повеќе кола на метро од Шкода,нема.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7262
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #48 на: 25 Јули 2026, 12:35:57 pm »
Подеднакво лесно се влегува и во наведените коли што ги споменав и подеднакво се ке собере и во наведените коли што ги напоменав.

Да беа толку пространи СУВ-овите, немаше секој втор СУВ низ градов што го гледам да има туле на кровот.

Тоа е сепак само твое мислење.


Кое што лесно се докажува и го побива твоето мислење што го изнесе за предностите на СУВ-овите.
Донеси го твојот сув, ке донесеме и Суперб и веднаш ке се докаже дека она што го велам е точно во целост.

Единствено само качувањето по тротоари ке биде на страна на СУВ, нешто што го кажав и два поста претходно на претходната страна.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2583
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #49 на: 25 Јули 2026, 12:43:53 pm »
Кој ќе го плати горивото и моето време? И од кај излезе Суперб во муабетов? Ај ако не со С класа да споредуваме, нели седан е.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7262
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #50 на: 25 Јули 2026, 12:48:06 pm »
И пиво ке ти платам ако ти е до толку да немаш пари.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2583
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #51 на: 25 Јули 2026, 12:50:32 pm »
И пиво ке ти платам ако ти е до толку да немаш пари.

Не пијам пиво у последно време. Кафе може. Не е дали имам или немам пари, поента е во прашање.
 
Еве јас возам Спортаж, сакаш да ми кажеш дека Сид беше подобра опција во однос на наведените ставки? Караванот додуша беше топ опција.

😁


Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7262
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #52 на: 25 Јули 2026, 12:55:38 pm »
Ке најдеме лимузина што има сосема ок простор што ке те собере исто како и во Спортажот.

Реално шкода октавија ке те собере комплетно се она што го носиш и во спортажот.

Во претходната фирма возев октавија од 2010та година, колата беше премногу просторна и стилот на шкода со 5та врата е доста корисен.


Сега ако конкретно се базираш на еден модел, можеби тој модел и нема да те собере.


Јас пример го сакам моето Фиат Браво како кола, ама искрен сум си дека колата е премала иако надворешно делува помасивно од некои други модели во тој хечбек варијанта на кола и за луге што бараат простор, не би го препорачал.

Ама би го препорачал за луге што сакаат кола за ефтини пари која ке пружи добра стабилност и лежење на патот.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4696
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #53 на: 25 Јули 2026, 12:56:44 pm »
Ако си над 185-190 дефинитивно во СУВ е полесно влегувањето и излегувањето од кола. Пробано ми е, не зборам на памет. Златна средина беа порано возила како моето рецимо, Голф Спорстван, Ford S-Max и слични, кои за жал веќе ги нема. Не трошат ништо повеќе од нивните хеч или седан браќа (или можеби нешто ситно плус), а сепак многу помалце од сувовите во истата класа.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7262
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #54 на: 25 Јули 2026, 13:18:17 pm »
Во сегашнава фирма со Рено Меган сме, 4та последна генерација во седан верзија, колата е доста просторна и комотна, вака како кола е сосема коректна, гепекот е доста голем и ке собере доста работи.
Задна клупа има доста простор.

Ама единствена маана и тоа што не ми се допаѓа е 1.5 дци моторот, влече само во опсег 1500-2500 вртежи, некако глупо распоредена сила и морам на престигнувања ако сум тргнал со 4та да престигнувам, додека престигнувам да прешалтам 5та, па 6та иначе над 2500 вртежи снемува сила.

Вероватно заради екологии и останати измишљотини е утупен до макс моторот.

Отсутен boksata

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #55 на: 25 Јули 2026, 14:45:30 pm »
Ако и јас сум на истата мака, и не е приоритет да е автоматик, дали ова е добро фамилијарно возило?

https://autowelt.mk/vehicles/222665-peugeot-308

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1263
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #56 на: 25 Јули 2026, 21:00:18 pm »
Да. Супер е. Баш фамилијарно.

Отсутен boksata

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 19
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #57 на: 25 Јули 2026, 23:50:47 pm »
За просторот секако, прашањето ми е за мотор, издржливост.
Да не заглавам по сервиси наместо да одам на одмор :D

Се што знам до сега е дека каишот треба да е сменат/да се смени со 8мм.

Отсутен Xristijan

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 330
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #58 на: 26 Јули 2026, 11:19:51 am »
За над 190 висина и проблеми со кичма само сув, клиренс над 20цм, излегувањето е лесно како да стануваш од нормален стол

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4696
Одг: Препорака за автомобил до кај 11000€
« Одговори #59 на: 26 Јули 2026, 12:49:40 pm »
Па и да немаш проблем со кичма, многу е полесно влегувањето, а поготово излегувањето од кола, да не правам муабет ако не можеш цела врата да ја отвориш ради тесно паркинг место. Ама па данокот на тоа е екстремно лоша потрошувачка, нешто што удира на буџет поготово ако сакаш да возиш побрзо на автопат.