Автор Тема: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW  (Прочитано 1128 пати)

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #15 на: 29 Октомври 2025, 19:21:29 pm »
На колки препорачуваш да се штелуваат вентилите? 10 до 15 илјади?

Немам штелувано палење до сега, ама би сакал да пробам и да научам. Дали ќе ми треба стробоскоп или може да се штелува и со некоја од другиве методи?

Свеќички сега ставив NGK, Brisk гледам повеќе ги препорачуваат за плин.

Што се однесува до палењето ќе морам да се симнам да видам или ќе сликнам.

Инаку и кај мене покажува температура малку над 70 степени, односно некои 10-15 степени испод работната. Не знам до што може да биде, дали е до средниот лонец или нешто друго. Парно има уште во првата минутка и тоа прилично добро. Исто и јас приметив дека тече антифриз на термостат, кај мене е изгледа овој пластичниов. Чаре некое за тоа?

На крај памет не ми беше дека ќе купам Шкода, ама љубител сум на стари возила што можеш и сам да ги одржуваш понекогаш и тука ме купи. Исто така беше прилично добро сочувана со мала километража а и бајаги просторна. Подолго време барав нешто просто за одржување затоа што возилото што досега го возев (Opel Kadett C) беше токму такво.

П.С.
Бекап мајстор некој освен Авто ЦО? Нема да биде тука човеков неколку дена а сакав некој да ја провери затоа што ќе морам да одам на пат со неа викендов.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #16 на: 29 Октомври 2025, 19:29:34 pm »
Па докај 20 000 и штелување бидејки се изместува зазорот постојано, таков принцип е со клацкалки.

И на кадетот што си го возел истиот принцип е, после одредена километража се раштелуваат.

А за палењето, имаш еден штраф на разводникот под разводната капа, голем е ќе го видиш.
Олабави го малку и потоа го вртиш налево или надесно за да на најдеш идеалната точка каде ќе работи најдобро.
Најдобро би било и некој на гас на 2500 вртежи да држи, го вртиш потоа разводникот и на слух ќе ја осетиш каде работи најидеално, и затегни го штрафот.
Исто така смени и кабли, разводна капа и палец, не се скапи, а сигурно не се менувани.

За термостатот веројатно има од стокец ставено, тој на 83 степени отвора и ти препорачувам да го оставиш. Ако можеш да најдеш и термопрекидач на хладњакот што ја пали перката со 88-83 вредности уште подобро.

Страдаат на уљени карики од висока температура, затоа со малку понизок термостат и понизок термопрекидач ќе бидеш помирен.

А пластичното куќиште што ти тече, што да ти кажам, тоа е, нежно е, среќа не беше мојата со пластично.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6866
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #17 на: 01 Ноември 2025, 21:58:12 pm »
Средував по дома и случајно ја најдов, табла со осигурачи, комплет отворена, исчистени бакарните спроводници, стеснети кај контактите за осигурачите и релињата и склопена назад, пошто да, и тоа ме дупеше, знаеше да изгуби контакт некое реле, и оп цела кола без струја ;D
Ќе ти ја дадам, секако не ми треба повеќе.


Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Среден и заден лонец за Шкода Фелиција 1.3 43 kW
« Одговори #18 на: 04 Ноември 2025, 20:45:50 pm »
Важи, ќе те побарам да се договориме што како. Фала ти.