За било кој мотор напиши го тоа, и ќе добиеш едно чудо резултати со проблеми.
Имам лично искуство со 1.4 TSI 122 моторот, и во Passat, и во Голф, а има и пар членови на форумот кои возат возила со тој мотор (Marjanot, Brasica, 0k0, колку што ми текнува во моментов) и ги возат без никаков проблем.
1.6 TDI 105 е замена за стариот 1.9 TDI 90 и 110, и е сосема добро моторче, со тоа што факт е дека на новите TDI CR мотори им фали „експлозивноста“ на старите TDI и TDI PD мотори.
Иначе, се слагам дека не се купува нов мотор, барем во првите година дена од неговото производство, чисто за да ги решат проблемите.