Марче
5 души во СуперБ ќе се осетат драстично помалку во вожња одошто 5 души во Ибица. Едноставно СуперБ кој тежи 1.5 тони со 5 души тежи 2 тони, а тоа е +33% тежина. Кај Ибица која тежи 1 тон со 5 души ќе биде тешка 1.5 тони, а тоа е +50% тежина.
Патем, неможам да најдам во гаража твое возило. Што Ибица возиш, т.е. кое годиште и со кој мотор кој според тебе е еквивалент на 1.6 турбо-дизелот во СуперБ?
Ако ја имаш 2002-2008 Ибицата од она кое е понуда само два мотори можат да имаат слични карактеристики со Суперб 1.6ТДИ 105, а тоа се:
1) 1.6 16v атмо-бензинец 105КС со кој Ибицата ќе е потрома, т.е. ќе мораш да ја возиш на високи обрти за да се носиш со Суперб 1.6TDI
2) 1.9ТДИ 101КС со кој Ибицата ќе е малку повеќе агилна во сите случаи од Суперб 1.6TDI.
Останатите мотори се или преслаби или прејаки за споредба со 1.6TDI во SuperB.