21.11.2026:
Промена на сијалички во ентериер
Километри: 222,000
Трошоци:- Сијаличка за VSC OFF 14V 0.63W T1 (3mm) - 3x0.87€ + 5.95€ достава = 8.56€ (цената е за 3 парчиња)
- Сијаличка за PWR/ECT/SNOW 14V 0.56W T1 1/4 (4mm) - 3.43 + 2.95€ = 6.38€ (цената е за 10 парчиња)
Вкупно - 14.94€Слики:
Еве како изгледа процесот (сликите се преземени од странски форум):

Забелешки:- 2 минути работа и чекање 2 недели за сијаличките бидејќи ги немаа на лагер, локално ги имаше ама 0.9W, пицајзла сум и гледав по каталог иста јачина да се. Откако ја купив не ми светеше копчето за power mode, читајќи по форуми видов поделени мислења, половина од луѓето не знаат дека и тоа копче има backlight

-Прилично лесно се монтираат во старото лежиште, старото гумено зелено “капче” може да се извади и да се употреби пак.
- Цената ја сметам за прифатлива со оглед на тоа што ми останаа 9 сијалички од 4mm и 2 сијалички од 3mm. Во овластен едно сијаличе кошта 22€, а заменски нема, не одговара ни T4 ни T5.
- Акумулаторот вајстина капут, не знам дали да земам нов, па да го чувам дома на полнач или да не земам да не му тече гаранцијата џабе…