После 6 месеци без кола (Mondeo ST220 се продаде), и исклучиво живот на мотор (Triumph Tiger 900 Rally Pro) - што беше предизвик и авантура, време беше да се бара ново возило со покрив над главата. Имаше голем избор и простор во буџет - горниот лимит беше 20к, но се решив за нешто помало и несекојдневно.
Случајно го начекав на оглас, го видов и си го купив без да се мислам за друга кола.
Увезено од германија, прв сопственик, фул опрема, моментално 175.000 км.
Сега за сега се работи и функционира, нема маани, супер вожња за низ град а не е за потценување и на отворено.
M16A / ZC32S - мотор 1.6 со 136кс, 6 брзини
Ќе ја дополнувам темата како ќе го градиме односот со колата




