Клабери, да ве љубезно замолам за помош, да ми посочите сериозни плацеви за автомобили.
Имам потреба да купам кола на фактура.
Продавачот да е упатен, да не дрнда празен муабет, да не носам триста механичари со мене. Едноставно да не јадеме трици и да завршиме работа деловно профи како достоинствени странки.
Колата треба да е под 8000 евра.
Караван се бара усклучиво. Можда сегментов кај шо е Алтеа икс ел, или Форд Ц-макс, Туран...
1.4/1.5 тси како бензин можда доаѓа во предвид, ама најверојатно ќе се влече накај 2.0 дизел. Пожелно автоматик.
Пежо 308, Форд фокус, Волво в60, голф 7, некоја шкода тешко ми паѓа во око ентериерот, освен поскапите.
Знам дека има тема за плацевите, но ми треба помош побрзо. Ве молам одговорете.
Благодарам.