Здраво дечки, да побарам мислење и од вас тука.
Дали некој има искуство со купување возило преку транспортна компанија во Германија?
Приказната е ваква:
Најдов возило огласено во Германија пред месец дена. Во меѓувреме продавачот заминува на работа во Хапаранда, Шведска на две години и возилото моментално се наоѓа таму. Продавачот ми нуди можност возилото да се транспортира во Германијаи да се купи преку транспорната компанија. Трошоците за транспорт на негова сметка, јас само да ја платам цената на возилото.
Компанијата за транспорт е оваа:
https://deeken-trans.de/Условите за купување се прикажани тука:
https://deeken-trans.de/sofunktioniert_en.htmlПри проверка на компанијата, според тоа што најдов е активно регистрирана и легитимна фирма во Германија, а имаат и седиште во Хапаранда Шведска каде што е возилото.
Со продавачот контактираме преку маил и досега ми има дадено сите информации кои ги имам побарано дури и слики од лични документи негови со негови слики итн, но сепак имам сомнежи бидејки состојбата на возилото километри и цена е премногу добра за да биде вистинита….

Затоа барам ваше мислење пред да бидам понесен од желбата и да навлезам во некоја превара…
Фала ви, поздрав!