Здраво. Станува збор за Passat B7 2.0tdi 103kw. Моторот работи супер рамномерно и мирно, но при притискање на квачилото, малку моторот го менува звукот на работење. При отпуштање на квачилото, кога е скоро целосно отпуштено се јавува некое мало минимално гребкање/крцкање, но кога скроз се отпушта квачилото моторот продолжува да работи мирно. Исто така понекогаш на прво палење на незагреан мотор, при поаѓање во рикверц или прва брзина се појавува мал звук на гребење, но тоа се случува само при првото поаѓање, во понатамошното возење нема никакви звуци или било какво гребење. Единствено продолжува да се појавува само промената на звукот при притискање на квачилото, но тоа е со многу мал интензитет. Квачилото е многу лесно за притискање, промената на брзини се одвива лесно и глатко без никакви проблеми. Што може да е причина за ваква работа на моторот? Дали е некаков проблем со замаецот или ламелата или пак нешто друго? Дали некој имал сличен проблем?