Автор Тема: Опрема за кола од Temu  (Прочитано 1169 пати)

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
Опрема за кола од Temu
« на: 21 Јули 2025, 15:53:38 pm »
Имам нарачано многу работи за кола (додатоци, аксесоари, алатки), па да отворам тема да видиме и вие што сте нарачале и од што сте задоволни?

Еве неколку мои предлози што сум ги купил и сум задоволен:

Перничиња за врат - Линк


Trim tools - Линк


Компресор - Линк

Ова повеќе брчи отколку што пумпа, ама се наоѓа за точакот или дополнување гуми кога немам бензиска у близина

Sun Visor Organizer - Линк


ЛЕД Диоди - Линк


ОБД Скенер - Линк

Нормално ова не е професионално, ама кога имам чек енџин секогаш го наоѓа точниот код/грешка - до сега испробано на 5-6 коли и на сите работи супер, може и да се бришат грешки, да гледаш live data, и други работи. За цената е супер.

Air Vent држач за телефон - Линк

Ова е најдобриот држач што сум го користел. Имам купено секакви - за на решетки на клима поголеми, за со вакум на прозорец, скапи, евтини, баш се имам пробано и од овој сум највеќе задоволен, а најевтин е. Не паѓа, ми се нема скршено решетка од клима до сега.

Мрежи за во багаж - Линк

Има различни држачи и мрежи/организери за во багашник, најдете си големина и форма што ви одговара вас. Кај мене на сите коли имам овакви и многу ми се корисни, ставам прва помош, ПП апарат, чадор, еленска кожа, вода, и слични работи во нив за да не се тркалаат на секаде. Има и обични „Ленти“ лепенки, не мрежи, и тие се исто добри. Пишете си trunk organizer mesh или trunk tie strap, ќе најдете повеќе

Надоле ќе продолжам без слики за да не се натрупа темата, па видете како изгледа се на Тему:

Еленска кожа/крпа - Линк
Штитник од сонце - Линк
Bluetooth адаптер за AUX - Линк - ова е многу добро за коли што немаат блутут а имаат AUX. Кај мене има само мал лаг, помалку од пола секунда кога пуштам видеа, ама за музика нема проблем. И со копчињата можеш да менуваш песни или да се јавуваш/гасиш повик.
УСБ полнач - Линк - за ова намерно гледав да е мал, да не зафаќа простор, а има и други што имаат и дисплеј на нив, само не сум ги пробал. Овој малиов едноставниов е супер и врши работа.


Имам купувано и други работи - силиконска навлака за менувач, armrest, капаци за брисачи, навлаки за куче за назад, и некои други ситници што се специфични за мојата кола па не можам да ги препорачам на сите, ама задоволен сум од се што сум порачал до сега од Тему. Истите работи се продаваат и по бензиските и CARBOX кај нас

Вие што сте купиле и би препорачале?

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #1 на: 21 Јули 2025, 19:39:02 pm »
Affiliate ти се линковите или си потрошил за џабе толку време?

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 325
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #2 на: 21 Јули 2025, 22:23:49 pm »
Пола од работите што сум ги купил се срање. Еве нешто што ми иде на памет:

Украсни капачиња за мутерите - срање, не пасува големината
Украсни капачиња за тркалата - ОК но дизајнот на логото не е потполно оригинал
Мрежа за гепек - испадна премногу мала
Антена и база за на кров - ја монтирав но квалитетот на радиото драстично се намали
Комплет ЛЕД сијалици за кабина, таблици и ретровизори - не ми се сеуште монтирани, гарант пола се дефектни
Алу педали - од 3 педали, педалата за гас никако не пасираше па морав со силикон да ја фиксирам (срање)
AUX кабел - нормално дека не функционира


Гледам си пишал компресорче за 900 ден. Јас купив неупотребувано ОЕМ компресорче за 1500, работи беспрекорно.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #3 на: 22 Јули 2025, 09:44:31 am »
Ова што е држач за телефон, затоа на 50% им се скршени решетките за вентилaција.
Еленската кожа кај нас е 70-80 денари.
Лед-от треба да е CANBUS иначе ќе правиш лајтшоу.
Тие за вратот (конкретно на сликава) ако си Кинез - да таман ќе ти бидат на вратот.
Тоа на штитникот за Сонце, кога ќе го превртиш не можеш до крај да го однесеш штитникот, кога ќе ти треба и ќе ти испопаѓаат работи во сред возење.



Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 126
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #4 на: 22 Јули 2025, 10:17:27 am »
Има корисни работи на Тему, иако од наведените ништо не е корисно и со affiliate линкови :)
Може да се купи подобар (од горенаведениот) компресор со вградена батерија (type c порта за полнење, ЛЕД сијаличка за темни услови) за 1000ка.

Ситници од типот на прскалки за шофершајбна, има некои што прскаат како mist - повеќе ја дисперзираат течноста.

УСБ полначи, купете нешто асално затоа што не вреди маката да прегорите осигурач или не дај боже нешто пострашно од осигурач со некој неквалитетен полнач...

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4018
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #5 на: 22 Јули 2025, 10:27:44 am »
Мене пред некој месец ми го даде тој компресор со батерија и усб-ц порта за 87 денари како нов корисник. 10тина пати до сега го имам искористено и е сосем во ред. Ќе видиме колку ќе трае.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Lone

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #6 на: 24 Јули 2025, 20:19:27 pm »
Линковите се афилиејт ама мислев нема да е проблем тоа. Се што пишав во мојот пост сум задоволен јас. Се што имам порачано до сега од Али и Тему имам добиено точната димензија/големина. Не гледајте по сликите, гледајте по описот за точна димензија. ЛЕД сијалиците се супер, сум немал никаков проблем до сега, во две коли. Во повеќе коли, откако возам 15 години веќе, користам таков држач за телефони за клима и во ниедна кола се нема скршено решетка до сега.

Сите што имате проблеми со големина мислам дека е проблем што не читате убаво описот на производот. Секако помага и ако има реални слики од корисници од reviews, не од самиот продукт, тие кориснички слики се секогаш пореални. И кога порачувам од било каде подредувам по број на нарачки, не по цена. Ако има десетици илјади нарачки тогаш големи се шансите и да има повеќе реални reviews со реални слики од корисници. Ако подредувате по цена и нарачувате од негде што имаат само 5 нарачки, може да ви се погоди и фејк продукт па затоа и добивате лоши работи. Ги пазам тие работи и читам описи, можеби затоа не сум се заебал до сега

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #7 на: 24 Јули 2025, 21:00:36 pm »
Интересна тема за рецензии.

Јас порачав 2mm бутил алуминиум за антивибрациона изолација. Иде 900 денари м2. И гумен ролер за полесно лепење. Пишува до 120 степени отпорност на температура но сепак не лепам под хауба.

Ќе земам и армафлекс или нешто слично да залепам над него. Па да видиме дали ќе смени нешто при звукот на ламарина каде што фали изолација :)

Исто порачав и од тие чадорите-штитници за сонце и онакво ѓезве за полимеризација со ацетон (да се пробам на едни стари фарови).

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #8 на: 24 Јули 2025, 21:34:25 pm »
Ова што е држач за телефон, затоа на 50% им се скршени решетките за вентилaција.
Еленската кожа кај нас е 70-80 денари.
Лед-от треба да е CANBUS иначе ќе правиш лајтшоу.
Тие за вратот (конкретно на сликава) ако си Кинез - да таман ќе ти бидат на вратот.
Тоа на штитникот за Сонце, кога ќе го превртиш не можеш до крај да го однесеш штитникот, кога ќе ти треба и ќе ти испопаѓаат работи во сред возење.
Зато наочари за сонце постојат  ;D

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 249
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #9 на: 24 Јули 2025, 22:30:15 pm »
temu e sranje neznam zasto go koristite

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #10 на: 25 Јули 2025, 01:29:08 am »
Никој не купува од Тему очекувајќи некој посебен квалитет. За некои козметички работи, тракатанци и пластични кинезарии Али/Тему се океј. Дали овде ќе ги земеш од препродавачи или од таму исто е.

Отсутен The Seventh Son

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 249
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #11 на: 27 Јули 2025, 20:09:04 pm »
Никој не купува од Тему очекувајќи некој посебен квалитет. За некои козметички работи, тракатанци и пластични кинезарии Али/Тему се океј. Дали овде ќе ги земеш од препродавачи или од таму исто е.
so eden zbor temu za gluposti e ok.....
ne razbiram zasto se otvori tema za trakatanci od temu
uste so milion sliki recenzii objasnuvanja.
abe toa 5 grama ne tezi tema ke otvaram

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3034
  • Слобода или смрт
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #12 на: 27 Јули 2025, 20:25:36 pm »
Од тему нарачав две ситници за кола. Заштитно стакло за екрани што го залепив и беше ок но не ми правеше ќеф како изгледаше како пластифицирано и го одлепив.
И нарачав за клучот два протектори едно гумирано и друго кожно. Она гумираното толку добро легна што за 140 денари мислам дека од гранд ауто треба да си нарачаат 1000 и со нив да ги испорачуваат новите возила.


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3926
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #13 на: 27 Јули 2025, 21:02:58 pm »
Темпомат нарачав од тему и ене го си работи без проблем...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34289
  • Таков е животот... јебига
Одг: Опрема за кола од Temu
« Одговори #14 на: 27 Јули 2025, 23:31:08 pm »
какви се овие глупости...