Имам нарачано многу работи за кола (додатоци, аксесоари, алатки), па да отворам тема да видиме и вие што сте нарачале и од што сте задоволни?
Еве неколку мои предлози што сум ги купил и сум задоволен:
Перничиња за врат -
Линк
Trim tools -
Линк
Компресор -
Линк
Ова повеќе брчи отколку што пумпа, ама се наоѓа за точакот или дополнување гуми кога немам бензиска у близина
Sun Visor Organizer -
Линк
ЛЕД Диоди -
Линк
ОБД Скенер -
Линк
Нормално ова не е професионално, ама кога имам чек енџин секогаш го наоѓа точниот код/грешка - до сега испробано на 5-6 коли и на сите работи супер, може и да се бришат грешки, да гледаш live data, и други работи. За цената е супер.
Air Vent држач за телефон -
Линк
Ова е најдобриот држач што сум го користел. Имам купено секакви - за на решетки на клима поголеми, за со вакум на прозорец, скапи, евтини, баш се имам пробано и од овој сум највеќе задоволен, а најевтин е. Не паѓа, ми се нема скршено решетка од клима до сега.
Мрежи за во багаж -
Линк
Има различни држачи и мрежи/организери за во багашник, најдете си големина и форма што ви одговара вас. Кај мене на сите коли имам овакви и многу ми се корисни, ставам прва помош, ПП апарат, чадор, еленска кожа, вода, и слични работи во нив за да не се тркалаат на секаде. Има и обични „Ленти“ лепенки, не мрежи, и тие се исто добри. Пишете си trunk organizer mesh или trunk tie strap, ќе најдете повеќе
Надоле ќе продолжам без слики за да не се натрупа темата, па видете како изгледа се на Тему:
Еленска кожа/крпа -
ЛинкШтитник од сонце -
ЛинкBluetooth адаптер за AUX -
Линк - ова е многу добро за коли што немаат блутут а имаат AUX. Кај мене има само мал лаг, помалку од пола секунда кога пуштам видеа, ама за музика нема проблем. И со копчињата можеш да менуваш песни или да се јавуваш/гасиш повик.
УСБ полнач -
Линк - за ова намерно гледав да е мал, да не зафаќа простор, а има и други што имаат и дисплеј на нив, само не сум ги пробал. Овој малиов едноставниов е супер и врши работа.
Имам купувано и други работи - силиконска навлака за менувач, armrest, капаци за брисачи, навлаки за куче за назад, и некои други ситници што се специфични за мојата кола па не можам да ги препорачам на сите, ама задоволен сум од се што сум порачал до сега од Тему. Истите работи се продаваат и по бензиските и CARBOX кај нас
Вие што сте купиле и би препорачале?