Миле, неделна доза тресење глупости... Главата се загревала најспоро, ќе прочита некој што незнае ќе ти поверува. Во Скопје (а и Македонија општо) -20 има максимум 1(еден) до 2(два) дена во годината.
Јас не се ни замарам толку на оваа тема. Ако се смрзнати прозори прво палам па гребам стакла ако не се палам и возам.
И јас нешто не се замарам посебно (имаме сличен принцип ). Мојот начин зимно време е вака:
1. HONDA CR-V - Стои во гаража. Седнувам во кола, палам мотор, уклучувам греачи на седишта на HIGH, ја изнесувам од гаража, дури заклучам проаѓа минута-две-три (работи во лер), седнувам, веќе топло, префрлам греачи на Low и возам.
Ако е стоена надвор долго време и се смрзнати стакла:
Палам мотор, палам греачи на седишта на HIGH, уклучувам одмрзнување на стакло/ретровизори, во првиот момент кога ми е видливо тргам, префрлам греачи на Low. Во случај да не ми се замрзнати стаклата, тргам веднаш (нормално греачи на седишта на HIGH).
2. Citroen C3 1.4 HDI - Ова стои надвор. Палам мотор, уклучувам греење (ако веќе не е дефаулт на греење) и клима, чистам мраз од стакла, во првиот момент кога имам видливост тргам полека.
Инаку ме зачуди колку брзо загрева. Ова ми е прв дизел во живот, и очекував да му треба баш баш многу време да загрее.. Цитроенчево има индикатор дека е ладен моторот, и дури ми свети тој го возам полека и не го форсирам.
На -2 вчера, требаше околу 1-2 км да се исклучи овој индикатор.
Не сум тестирал со седење во лер, колку време ќе треба да се исклучи овој индикатор.
поздрав
Дарко