06.11.2026 година.


Редовно ентериерот го оджувам со Gyeon Interior Detailer. Нема епитет со кој можам да го опишам средството, само знам дека СПЕЦИЈАЛНО запалив кола само за да одам да го купам од Солун. Enough said.
Обновена Soft99 Fusso Coat, овој пат со белата варијанта. Супер се држеше од мај нанесената заштита, црната, ама пошто ќе биде ладно, нема да ми се става сред зимо нов слој, па пред време само ја обновив, без никаква подговотка на подлогата, освен перење. Разлика меѓу двете варијанти - речиси и непостоечка.
Пошто Gyeon WetCoat е рејтнат на 3 месеци, планирам зимоска еднаш или два пати само да го појачам Fusso-то со него.
Ставена керамика на фаровите од Sonax, со траење до 12 месеци.
Предното стакло темелно припремено со Glaco Compound. Ништо не остана на стаклото од претходната Gyeon Q2M Quick View до таа мера, што беше невозможно да се избрише стаклото со мф крпа, немаше никакво лизгање. Морав да упивам и да дувам со воздух за да ја исушам, што е доказ за virgin подлога, добро спремна за заштита. По тоа, нанесен еден слој Glaco Ultra, што споредено со Gyeon-от е мнооооогу полесно за нанесување, мноооогу полесно за пребришување и дупло потрајно - до 12 месеци.
На страничните стакла и на задното само обновив со нов слој Gyeon Q2M Quick View, трае до 6 месеци. Добро се држи, но не е Glaco.
На ретровизорите нанесено Glaco Mirror Coat Zero.
Сите гумени кедери подмачкани со roll on-от на Sonax.
Пред монтажа, зимскиот сет доби керамика CarPro DLUX, со траење до 12 месеци.

Припремени темелно со полирање и IPA wipedown. Во внатрешниот дел само ја нанесов, не ја пребришав, намерно, за да остане подебел слој и да трае подолго, пошто нели, внатре трпат фелните најмногу удар.
Здравје ако ми остане од DLUX-от, ќе ставам на шепите еден слој, чисто онака, за ќејф.
Гумите си имаа Sonax Raifenglanz од март. Толку добро е упиен, што мислам дека само top up зимово ќе биде доволно.
Монтирани, 14.11.2026 година, на 28.952 километри.

Пред тоа, испрано подвозјето, подкрилата, нанесен дарежлив слој Fra-Ber Gommanera KE185 на подкрилата, шепите на кочниците темелно исчистени со Sonax FelgenBeast.
И, за крај, летниот сет темелно испран, нанесен Sonax Raifenglanz, детално подготвени и нанесена керамика CarPro DLUX, по истиот принцип како кај зимските.

Деновиве, за 300-400 километри ќе ја носам на втор редовен сервис, на 30.000.