09.01.2026 година, 14.786 километри, прв редовен сервис.
Заменето:
- моторно масло Kia Original 0W-20, 4 литри, по цена од 4.800,00 денари (1.200,00 по литар)
- филтер за масло Kia 2630035505, 1.100,00 денари
- филтер за кабина Kia 97133F2000, 2.100,00 денари
- работна рака, 1.500,00 денари
Вкупно: 9.500,00.
Сервисот е правен во Авто Калеш Неготино. Топ поминав - закажав вчера претпладне, денес во 08.00 беше примена колата. 40-тина минути сѐ, бев внатре - сѐ беше транспарентно. Иако инсистирав да го заменат и филтерот за воздух, не го заменија пошто стварно беше визуелно чист и само го вратија. Додуше, не е ни во планот за замена. Услужливи, фини… Секоја препорака.
За редовен сервис, сметам дека цената е ОК, но е borderline скапо. Уљето е со ОК цена, имајќи во предвид дека е 0W-20. Филтерот за масло - ај, прифатливо. Но, полен филтерот тешко ќе го проголтам, пошто извадија карбонски, ставија обичен, по цена од 2.100,00 денари. Во малопродажба, повеќе од 300-400 денари не е. Поприфатливо ми е работната рака да ја наплатат 3.000,00, а филтерот докај 800-900. Едноставно, не вреди за цената, а башка што е downgrade од фабрички вградениот. За таа цена, карбонски, ај, прифаќам. Вака…
За интервалот на замена на 15.000 километри, за турбо мотор и таа вискозност на уље, ма неЌу ни да причам.
Но, it is what it is, сме се фатиле на орото - ќе го играме.
Некое сличе, да не биде шут постот…


Ме бендисува што има брз hatch капак за промена на уље, кој стои на 4 пластични осигурачи и не треба да се вади цела пластика под моторот.
Нивото на уље после 15.000 километри…

Морав да повлечам линија до каде е, пошто ептен не се гледа. Уљево ко за салата да е, не можеш да провериш саглам, за 3 секунди се слива на шипката и капе од неа од шо е ретко. Има сркнато тро. Не проверував редовно колку што би сакал за да видам на која километража ги губи својствата и почнува да испарува, пошто процедурата за правилно мерење е pain in the butt и искрено, не се замарав речиси ич за овие 15к.
За првите 15.000 километри, потрошњата…

Ја ресетирав денес, ќе видиме до нареден редовен сервис каква ќе биде.
Тоа е, бркаме работа.