21.04.2026 година, втора регистрација.
Сакав да ја скинам сʼкурца и таа работа, иако е до 07.05.2026-та регистрацијата.
Трошоци:
- каско со 500 евра франшиза, 17.052,00 денари
- авто-одговорност, 8.281,00 денари
- зелен картон, 5.536,00 денари
- трошоци на технички (без actual технички преглед), 4.214,00 денари
- МВР, 50,00 денари
Вкупно: 35.133,00 денари.
На каското и на АО добив 9% попуст, заради начинот на плаќање.
Исто битно за напомена - годинава само 1.800,00 денари поскапа полиса со 500 евра франшиза, за разлика од лани со 1.000 евра франшиза.
Некои од понудите што ги добив не ни имаа поголема франшиза од 500, а тие што имаа со 1.000 евра одеа и до 18.000,00 денари.
Најниска премија како понуда што добив беше со 1.500 евра франшиза за 13.072,00 денари.