Да не испадне после дека “лижам кај што плукам”...

Ова е замената за фамозната “конзерва-модел од 1998 година што не вреди, не беше одржувана ништо посебно и не се продаде за брутални 4.000 евра” - 2025 Kia Ceed SW Concept ниво на опрема, 1.5 T-GDi мотор со 140КС и DCT7 “автоматски” менувач, боја Lunar Silver. Нарачана и платена на 29.04.2025 година, по цена од 24.400 евра + 500 евра металик боја“Lunar Silver” – 24.900 евра.
Подигната од салон на 06.05.2025 година.

Пакет опрема е Concept, нема избор или можност за промени. Вклучува:
- Автоматски клима уред со две независни зони и автоматско одмаглување на стакла
- Мултимедија со навигација и 10.25” тач дисплеј, wired Android Auto и Apple CarPlay, x6 звучници
- Bluetooth конекција, плус х4USB конектори (напред и на задна клупа)
- Команди на волан
- Кожни волан и мењач, волан подесив по висина и длабочина
- Електрична рачна, или ти паркинг сопирачка
- Борд компјутер со 4.2” дисплеј
- Електрика на сите стакла (автоматска напред, стандард назад)
- Потпирач за рака
- Темпомат
- Автоматска контрола на светла
- Автоматска контрола на бришачи
- Внатрешен ретровизор со електронско затемнување
- Сензор за дожд
- ISOFix
- Старт-стоп систем
- Систем за избегнување на фронтален удар (FSA)
- Систем за одржување на возило во лента (LKAS)
- Систем за следење на коловозна лента (LFA)
- Автоматска регулација на долги светла (HBA)
- Предупредување за замор кај возач (DAW)
- Електронска контрола на стабилизација (ESC)
- Електронска дистрибуција на сила на сопирање (EBD)
- Асистенција при тргнување на нагорнина (HAC)
- Систем за контрола на притисок во пневматиците (TPMS)
- Систем за препознавање на сообраќајни знаци
- Централно заклучување со алармен систем
- Задни паркинг сензори со графички приказ и звучен сигнал
- Задна камера за помош при паркирање со димнамично водење за позиција на автомобилот
- х6 воздушни перници
- Дневни LED светла и фарови со лупа
- Магленки
- Затемнети задни стакла и петта врата
Дојде со 16” алу фелни со Michelin Primacy 4 гуми во димензии 205/55-R16, произведени 37/24. До сега, иако нели се “премиум” Michelin-от, за мои потреби, преферирам Hankook Kinergy Eco K425. Таа е идеалната гума за мене – тивка, мека, штедлива на гориво и траеше ~50.000 километри. Не сум имал искуство со Eco2, но што читам по интернетов не е на ниво на Eco К425. Неисе, далеку е од лоша гума Michelin-от, да не се лажеме.
Капацитет на гепекот е 625/1694, кренати – спушени задни седишта.
Ме “частеа” платнени патосници и патосница-када за во гепек, поради тоа што веднаш е платена полната цена.
Ми ја предадоа со гребаница на крило, длабока. Ми понудија да ми закажат во лимаро-фарбарски сервис... Одбив.

Ај сеа со ред... Одлуката падна релативно брзо, на маса, пијана работа, за Велигден (додуше само јас сок пиев, пошто воопшто не конзумирам алкохол, сите други што ме убедија да си купам нова кола беа под дејство на алкохол и морав да подлегнам, преголем беше притисокот

).
Изборот за ново возило се сведе на шест возила, и тоа со ред на приоритет:
- Kia-ва
- Suzuki S-Cross
- Suzuki Vitara
- Dacia Jogger
- Dacia Duster
- Toyota Corolla
Само ова возило ги исполнуваше сите мои критериуми за ново возило. Коли со “емблемата на елка, мачка и путка” не ни гледав (да, да, знам, Dacia гледав). Јапанац со сите критериуми (Corolla Touring Sports или Suzuki Swace) беa way over budget. Just for kicks, пробав да кофигурирам Octavia Combi приближно на оваа кола, испадна околу 38.000 евра (не се нормални). “Какво половно Audi има за 25к” не ни планирам да го коментирам.
Suzuki беа со мануелен менувач и мал гепек.
Dacia беа со 1.0 тро-цилиндраш турбо и мануелен менувач.
Corolla беше седан (што за мене нема смисла за постоење ако не се отвара со механизам со петта врата), тро-цилиндраш и мануелен менувач. Внатре пластиките како на заебанција да се ставани.
Со опрема, meh, сите беа тука негде.
Останатите предности на Kia кои ја направија одлуката no-brainer:
- 7 години гаранција (иако е мало педерска, типично Норт Маседонишен)
- 4 цилиндри и турбо, со по 15-20 КС повеќе од останатите во предвид
- автоматски менувач (иако не е БАШ автоматски)
- простор во гепек
- повеќе од солидна опрема (бар повеќе од мене што ми е реално потребно)
- по планот за сервисирање, релативно ниски цени за сервиси во гарантен период
- изглед
Околу искуството со Kia Македонија – испод просек. Незадоволен. Прво, влегов релативно рано, нешто после 9 сабајле – спиеја уште. Пошто веќе точно знаев што сакам, а вработените таму тоа не успеаа да го увидат стартно, односот им беше помалку од рамнодушен. Кога веќе се решија да ме прашаат нешто, првошто им реков да ми прават про-фактура да одам да платам веднаш. И тука се растрчаа како бубашваби. Побарав да спуштат нешто заради плаќањето веднаш, и почнаа да мрчат – ама веќе е на акција, не знам... По инсистирање повеќе егото да си го задоволам, им реков дека не излегувам од салонот без нешто гратис, при што ми беше речено дека ќе добијам платнени патосници и патосница-када за гепек. Онака побарав тест возило, имаа Ceedхеч GT-Line, се провозав 40-тина минути.
Гледам про-фактурата со повисок износ за околу 500 евра. Металик боја, ми викаат. Пошто така бев расположен, за заебанција, им кажав дека нејќам металик, бела сакам. Нема. И почнав да се смеам... По мене нелогично – како ја наплаќаат металик бојата, а немаат избор? Наплати ја, ама понуди и неметалик. Плус што во понуда имаат само една боја која е неметалик, сите останати се металик. Пиши ја 24.900 и чао.
Јас бев тргнат за “Blue Flame”, ама нит знаеја да ми кажат дали има можност да се нарача, кога би стасала... И пошто оваа беше единствена со DCT7 на царина со три примероци мануел, остана ова.
Релативно брзо се заврши процедурата на царина, пошто и првомајски празници фатија тогаш. Ми се јавија за примопредавање, договоривме. Отидов извадив пробни табли (1.399,00 денари) дур средат таму што им е по процедура. Примопредавањето исто така беше испод сите очекувања, онака, ради реда. Повеќето од најлончињата беа извадени, да ги прашаш зошто, нема да знаат да кажат. Остави ги, имам и јас прсти и нокти. Во делот на рачката за отварање на совозачката врата и околу мењачот имаше некои црни флеки, како остатоци од лепак нешто. И така ја предадоа... Брука. ОК е, сам си средив, but still… Нова е, нели? 10 километри имаше на саатот.
Ми понудија некои попусти при осигурувањето во Kia, па прифатив оваа година да не го правам кај мојот агент. Од Еуролинк направиле комплет фактура (авто-одговорност, зелен картон, каско). Со регистрација, трошоците изгледаат вака:
- годишен зелен картон, 5.536,00 денари
- каско со 1.000 евра франшиза (за почеток, догодина ќе му ја мислам), 15.287,00 денари
- јавни патишта 2.201,00 денари
- автоодговорност 8.852,00 денари
- таблички 1.206,00 денари
- сообраќајна 201,00 денари
- МВР 100,00 денари
- трошоци на технички за документација 1.891,00 денари
Вкупно: 35.274,00 денари - цена со вклучен 5% попуст за плаќање полн износ веднаш во по фактура од осигурителната за нивните услуги.
Ја повозав некој километар стартно (околу 2.500 километри за 20-тина дена), колку да легне. Потрошња за оваа километража до сега – рамно 6. По Drivvo исто, 5.99, по ~3.200 километри до денес.

Околу менувачот – ми се допаѓа. Иако немам референтна вредност за друг менувач од ваков тип да бил во мое редовно експлоатирање, ми ги задоволува потребите и гадно ќе се заебев ако земев мануел и “заштедев” 1.950 евра. Да, некад знае да сецне, да се двоуми, ама ствар на навика е на крајот од денот.
Одиме со редовна програма. Набавив типски гумени патосници Gledring за зимска сезона, по цена од 1.799,00 денари.

Првото темелно перење со пред-перење, со хемиска деконтаминација, физичка деконтаминација, one-stage полирање со Meguiar’s Ultimate Polish и нанесена Fusso Soft99 12 Month Wax Dark, по што лакот е корегиран 95% и заштитен за наредната година. Исто нанесен е и Fusso на лицето на фелните, а за внатре - кога ќе ги менувам за зимски. На црните пластики и на гумите им ставив Perl, а на сите стакла нанесов Gyeon Q2 Quick View керамика со траење од 6 месеци. Воланот и менувачот добија Labocosmetica Derma силант за кожа, трае 3-4 месеци.


















Набавен сет 16” алу фелни за зимскиот сет гуми, со една година писмена гаранција (нарачани се капачиња со новото лого на Kia) со зимски гуми Hankook Winter iCept RS3 205/55-R16, произведени 2025 година, по цена од 5.500,00 денари парче, или вкупно 22.000,00 денари за сет, комплет од Mareli Велес. Во Stop&Go беа по цена од 6.090,00 парче, или 24.360,00 за сет.

Набавени и x4 Autel MX-sensor CVS-A01TPMS, се разбира – пак од Mareli Велес.

Се одлучив за оваа варијанта - Autel, а не од Аliexpress, од причина што сензорите не се сервисираат, а батериите им траат 2-3 години, по тоа што читам онлајн. Кај Autel се очекува 5-6 години без проблем. Видеќемо.
Само сензорите ги подигнав, фелните и гумите останаа во Mareli до септември, од причина што ќе се селат во поголем објект, при што ќе нудат и вулканизерски услуги. Ќе го подигнам сетот комплет монитран во септември, пошто монтажата и балансирање ми се вклучени во цената.
Околу цената – фелни, гуми со монтажа и сензори со програмирање, вкупно ме чинеше 53.400,00 денари (24.000,00 фелните, 22.000,00 гумите и 7.400,00 сензорите). Платено полн износ веднаш.
Мала дигресија – секоја препорака за Mareli Велес. Антонио е душа човек и задоволство беше да се соработува со него. Ептен квалитетна услуга.
Планирав керамика на фелни за двата сета, но од причина што сетовите ќе се менуваат на месеци 7-5, Fusso it is. Секако трае, лесен е за нанесување... Ако не ме бендиса како се понаша на фелни, ќе земам Gyeon Q2 Rim.
За крај, околу самата кола – што не ми се допаѓа...
– Старт-стоп системот што мора го деактивирам на секое стартување на возилото.
– LKAS системот замара и исто мора да го деактивирам на секој старт. Јас вртам дупки, тој ме враќа во лента, а со тоа и директно во дупка.
– DAW системот исто замара, ама мислам дека не се деактивира. Секое вртење на главата, макар и кратко да не гледам право, ми вика да се одморам и титка.
– Панел гаповите се катастрофа, поготово на левата страна од хаубата и задната десна врата.

– Петтата врата треба добро да се тресне да се затвори. Пластиката над табличката делува толку лабаво, што мислам дека ќе отпадне некој ден.
- Озвучувањето. Мислам дека можело мааааалку подобро, во сите аспекти.
– Пијано финиш пластики надвор. Малку се, ама можело без нив.
– Знае системот за препознавање на знаци да забега и при претекнување на товарно возило на автопат каде ограничувањето е рецимо 120, да ги види лепенките на товарното и да алармира дека ограничувањето е 80.
– Автоматската контрола на долгите светла ми се допаѓа, но знае да ги спушти во незгоден момент, ако добие доволно отсјај од мачкино око на банкина или табла.
– Фелните. Не би ми биле прв избор. Да, лесни се за чистење, но само на лицето. Внатре, без да се извадат, нема можност за четка да влезе.
– Мазни и пијано пластики внатре. Убиство се за одржување, но на среќа не се многу.
- Теписонски подкрила назад. Сега изгледаат многу убаво и знам дека допринесуваат за намалување на звукот во кабината... Али зимоска бато, ќе биде...
Што ми се допаѓа:
– Удобна кола е. Добро ги упива нерамнините и дупките. Просторна. Изненадувачки голема изгледа од надвор, а тоа се чувствува и внатре, има одлична комоција за четворица возрасни. Возењето е меко, што се должи и на гумите (јер премиум баки). Седиштата како да се правени за мене, преудобни ми се.
– Sport модот. Посебно корисен за претекување. Me likey.
– Apple CarPlay. Ќе го правам гајтанлес наскоро, ама и вака е ОК.
– На 120 во седма брзина е на 2.250 вртежи. На 130 е под 2.500, 140 е испод 2.600, 150 на 2.750. Милина. Тивко.
– Доволно простор за одлагање на ситници, поготово во гепекот. Второ ниво има седум прегради и тон место за одлагање на ствари што не се користат стално. Гепекот ми е цело време достапен 100% од тие причини.
– Материјалите внатре. Класа погоре од рецимо Corolla. А и убаво изгледа.
– Воланот е прелесен, но тоа не го прави да биде како дисконектиран од подлогата.
– Бојата. Иако бев тргнат по друга боја, оваа испадна одлична. Во зависност од светлото или сенката, буквално како различни бои да е колава. Под одредени агли јасно се гледаат темно сини и тиркизни перли, а бојата е темно сива. Многу јако, поготово сега по полирање и со Fusso.
– Звукот на затворање на вратите.
– Мирисот на нова кола.
– Фиксатори на возачката патосница и добро одмерен простор за останатите патосници, да не мрдаат.
– LED дневните светла. Многу интересно ми светат.
– Магленките и пластиките околу нив. На фацата и даваат спортски шмек.
– Два исти клуча со далечински и скакавец (навлаките беа a must, од Temu).

– Иако има можност за контрола преку мултимедијата, има физички копчиња за климатизацијата.
– Одлична резолуција на задната камера.
– Системот за рециркулација на воздух автоматски се активира кога прскам средство за шофершајбна, како не би мирисало внатре. Ова ми е поготово битно за зимно време, кога зимските средства мирисаат катастрофално лошо.
– Можност само петтата врата да се отклучи. Практично ако треба нешто да земам или вратам, да не се отклучуваат сите врати.
Со бордот на директори во главата уште дебатираме околу сервисите – дали ќе тераме на 15к и една година, или на 7.5к или 6 месеци.
Стварно не знам што да одговорам кога некој би ме прашал дали би додал нешто на колава. Keyless, да, сакам. Можеби грејачи на седишта и меморија на седиште и волан. Можеби.
Сума сумарум, јас сум презадоволен од изборот. Комплетиран сум со сè што ми е битно (ново возило, караван, автоматик, темпомат, бензин, два пара алу фелни со гуми, два пара патосници), така да останува бензин да се става и да се вози.