Патните трошоци се концептуално исти, со тоа што за мотор се нешто поевтини отколку за кола (нормално).
- Патарини: Македонија, Србија, Хрватска (не знам точно како стојат сега, ама Србија мислам некои 16ина евра, а Хрватска накај 20).
@marjanot скоро ја возеше рутата, па еве, да се јави на главна каса.
- Вињети: Словенија (7 дена, 8 € мотор, 16 € кола), Австрија (10 дена, 4.9 € мотор, 12.4 € кола)
- Тунели: Словенија (Караванке 8.8 €), Австрија (накај Салцбург - 14.5 € сигурно, ама може заборавам некој.) Во Австрија во моментов на А10 (Вилах - Салцбург, односно од Словенија накај Германија) санираат некои 3-4 тунели, и е биџ мајџин со застои, чекања, преусмерувања итн итн.
- Осигурување: нормалното осигурување за возилото + препорачливо е патно осигурување со колку толку добро покритие.
Во Германија немаш патни трошоци.
Гориво е препорачливо да се става откако ќе влезеш во Хрватска, оти на Србите не им е баш најдобро горивото, ем последен пат кога бевме со кола, цената по литар беше повисока отколку во Австрија и Словенија.
Ако возиш кола, обезбеди си рефлектирачки елечиња за СИТЕ патници во возилото и најди им место во кабината.