У градовите на работа обично идат со јавен превоз, ама ако работи у друг град или надвор од населено место - најчесто одат со ауто. Ретко кој има среќа да работи близу или да има у близина метро или сл. Плус странците за викенд често патуваат, а за време на одмори ич не коментирам. Башка си имаат викендици надвор од градовите и прилично глупо е едно семејство да оди со јавен превоз на пикник или сл. нели. Стандардот им е висок, можат да си приуштат, а у врска штедењето...ДА, штедат - ама не на уживање, здравје, одмор и рекреација.
Сум бил многу пати во Австрија, Германија, Франција, Швајцарија, па и Словенија би ја споменал тука пошто искрено најсредена е од сите и сум видел како и колку (масовно) се вози - автопатите со 4 ленти се преполни !!! Имам некаде и некои слики и клипчиња, па ако ги најдам ќе ги пуштам. Да резимираме, просечен Западњак-Европеец, годишно поминува по моја слободна проценка и разговор со мештаните околу 25000 км, во зависност од возраста, општествениот статус и афинитетот за волан-може и помалку (ама тешко под 15000, тоа е минимум и важи за оние кои поседуваат повеќе од две-три возила), но и повеќе, нормално што и не е нешто што треба да ве чуди. Колата е трошок, ама и независност, а пред све - мерак !!!