Автор Тема: Фолксваген Лупо не сака да запали  (Прочитано 250 пати)

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
Фолксваген Лупо не сака да запали
« на: 02 Јуни 2025, 16:59:40 pm »
Имам 1.4 TDI Фолксваген Лупо, 2000та. Скоро 240000 км на саатот.
Втор газда сум, мислам. Добро сочувано.

Само си имаше проблем, знаеше да се изгаси по желба, обично веднаш после прво стартување.
Како да му треба да се загрее некој дел за да стартува.
Значи за да запали, треба да се појави иконата на шал таблата како жолт навој.

Е ама сега не се појавува, и само вергла.

Има панорамски кров. Кога не беше убаво стегнат, течеше вода во просторот на осигурачите.
Ама тоа го средив, односно е сега добро затворен панорамскиот кров, па не верувам да влегува вода.

Масло има, гориво пола резервоар.
Ќе треба со влечна служба да ја носам до мајстор ми се чини :)

Кои би биле точки на расипување за да проверам?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17689
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Фолксваген Лупо не сака да запали
« Одговори #1 на: 02 Јуни 2025, 19:09:43 pm »
Реле на греачи расипано, а и самите греачи може да се изгорени. Дијагностика ако уштекаш (или некој ти уштека) веројатно ќе се приближиш до проблемот.

Отсутен kutlesh

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 30
Одг: Фолксваген Лупо не сака да запали
« Одговори #2 на: 02 Јуни 2025, 22:47:55 pm »
Реле на греачи расипано, а и самите греачи може да се изгорени. Дијагностика ако уштекаш (или некој ти уштека) веројатно ќе се приближиш до проблемот.
Да речеме дека релејот и греачите се изгорени.
Би можел јас сам да ги заменам со нови?
Или сепак е за на мајстор, со соодветен алат, опрема и слично?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17689
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Фолксваген Лупо не сака да запали
« Одговори #3 на: 02 Јуни 2025, 23:10:34 pm »
За релето ако знаеш кај е, сигурно може да се смени со основен сет алати.

Греачите се или наштрафени или пресувани во главата од моторот и треба алат (и знаење како да не ги скршиш) за да се извадат.

Ако не си работел на кола до сега, ова не е проект за почетници.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14422
Одг: Фолксваген Лупо не сака да запали
« Одговори #4 на: 03 Јуни 2025, 10:45:41 am »
Ако се греачи, не се скапи и не ризикувај да си зафркнеш нешто. Оди на мајстор, нека ти ги среди. Рутинска работа е за мајстор.