Поминав веќе 3.000км и можам да споделам првични впечатоци.
Ме изненади многу позитивно возењето, навистина е забавна и стабилна во кривини, особено со активирање на суспензијата во спортскиот модул на работа. Доволно тивка на отворено, огромен багажен простор, а тоа што е хечбек прави да биде навистина лесна за товарање (многу полесно од Г30ката). Моторот е сосема ОК за нормално возење, држи темпо од 140кмч без никаков проблем, но нема да победи на трки

Потрошувачката исто така пријатно ме изненади, од овие 3.000км, 2.200 се автопат и отворено а останатите во град и просекот е некаде околу 6.5, би рекол дека комбинирано автопат и отворен пат околу 6 а град околу 8л на 100км. Адаптивниот темпомат и автопилотот се супер, можеш да се потрпеш на нив, исто голем плус за автоматските светла и бришачи.
Од негативните страни не можам да се навикнам на командите за темпомат на десната страна на воланот и аудио командите лево. Исто така недостатокот на сите команди за климата (степенот на вентилаторот е на тачот) ме вади од такт, како и малиот резервоар од 40Л.
Следи наскоро мал сервис, и да се вози

Sent from my SM-S928B using Tapatalk