Има опција и на твое барање да се префрли постапката на некој друг (твој) шпедитер. DHL се убедливо најлоши, најконзервативни, нејнекооперативни, најспори ...а цената од околу 75 евра ти е стандард (50 шпедиција и 25 трошоци) !!! Значи овие пари не ти бегаат да ги платиш, е сеа царина и данок исто ќе мора да платиш, ама поентата е бар основицата да биде пониска. Пример, ако производот ти е 400 долари, транспортот 50 долари, царина од 15% ќе платиш на 450 долари т.е. плус 67,5 долари = 517,5 долари и на оваа сума имаш 18%ддв или плус 93.15 долари = 610.65 долари нормално на овие ќе ги дидадеш и тие 75 долари за шпедицијата и на крај доаѓа 685.65 долари Поентата ми е дека 285,65 долари плаќаш плус на тие 400 долари колку што кошта производот или 235.65 долари со платен транспорт до тука. Како и да е, ќе платиш уште најмалце пола од износот, ако се оди по регуларен пат. Јебига, државава брка зајаци со кола
ДХЛ СЕ ЛАЈНО НЕ ВИДЕНО ШТО ПОГОЛЕМО ЛАЈНО НЕ ПОСТОИ НА СВЕТОТ !!!! ЈАВНО И ОДГОВОРНО ТВРДАМ ДЕКА БИЛО КОЈ ДРУГ Е ПОДОБАР ОД НИВ, УПС, ФЕДЕКС И СЛИЧНИ СЕ ЗАКОН И УСТАВ ЗА ДХЛ!!! АКО МОЖЕТЕ НЕ ГИ КОРИСТЕТЕ!
Не знам што до толку се десило за да се расфрлате со вакви зборови за една од најмоќните компании на нашиот пазар, а богами и многу многу пошироко... Претпоставувам дека си имате јаки причини за вакво црнење на ДХЛ, пошто барем ја колку што ги знам, а соработувам со нив
веќе 8 години, еве ЈАВНО И ОДГОВОРНО ТВРДАМ ДЕКА
СЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРИ во своето поле. Се разбира дека имало и безвезни, и „нелогични“ дешавки, при што некој чат-пат го јадел стапот, ама не би рекол дека тоа е доволна причина за вакви испади. На крај краева, на која голема компанија НЕ и’ се дешава такво нешто??
Ко за информација, ни УПС, ни ФедЕкс, ни ЕМС, немаат дневен извоз, туку сите одат преку ДХЛ, пошто само они имаат авион, на дневна база. За „најспори“, воопшто не се согласувам... Меѓу билиони примери од прошливе години како соработувам со нив, ќе ги издвојам само тие што ми се мене релевантни - практично за ден ипол ми донесоа пратка од Вашингтон до Скопје; од Хамбург до Скопје, за еден ден; Стразбур до Скопје, за еден ден... Така да, негативната конотација за брзината, малце паѓа у вода.
Са друге стране јастука, кај мене од фирма сеа праќаа нешто за Казахстан, преку ФедЕкс, и ни ја закаснија пратката скоро цела недела, а се работеше за документација, а не за нешто што подлежи на царина, па може да го одолговлечи процесот. Згора на тоа, не се јавуваа нити на фиксни, нити на мобилни телефони... Професионалност, до бесвест! (puke)
Со УПС кај нас сум немал искуство, а америчкиот ми заврши одлична работа.
А за Македонска Пошта ако почнам да пишувам, Толстој ќе се осеќа засрамен поради квантитетот на содржината. Само што за разлика од неговите книги, каде се наоѓаше и по нешто добро и квалитетно за носителот на темата, во мојава „проза“, нема да има пофални зборови за горенаведениот ентитет.
Наместо да пљукате по фирмата што ви ја нуди услугата, осигурајте се дека сте ги покриле сите можни начини за да пројдете најбрзо и најбезболно што може, а не после „Цацко бил крив“... Ја да отидев на избрзана варијанта коа требаше апаратот да го праќам на сервис, сигурно немаше да ми биде помалце од 200 евра, што е веќе малтене 1/4 од цената на апаратот... Па со извозна декларација, курчеви карики, ова она... Плус што бев предупреден дека кога ќе го враќаат назад, Царина обавезно ќе го царини уредот, без разлика што се работи за сервисиран дел, и што поштарината ја плаќа испраќачот. Крајната цена што требаше да ја платам беше 120 евра, што беше драстично поподносливо, во однос на првичните суми кои ми се спомињаа. Цената што реално ја платив, беше со соодветен попуст, во име на соработката што ја имам со нив.
Во директен контакт со испраќачот, можете да си нагодите како да фигурира пратката, и како каков вид на пратка да се води. Се разбира дека олеснителна околност е да имате некој познат во дотичната фирма. Ако ви фркнат астрономски суми, не ви се криви ДХЛ или ФедЕкс или УПС... Што влегло у Царина, сигурно за беспари не излегло!