Ова ми го испратија одкако прашав дали е можно цела работа да ја преземе испраќачот, бидеки е дефекетен и подарок и не сум го купувал итн.
Е сеа има ли шанса доколку се испрати писмо од испраќачов до дхл и царина, дека е безплатен, односно дека не го купувам, дека е подарок ? Има ли тоа некоја шанса да помине, или ке мора тој да праи ф-ра на мене со минимален износ?
Би требало да може да помине, арно ама, а влезе тоа у царина, рачунај дека ќе треба да си искешираш некој динар... Иначе, најчест случај - ако е електроника, БИЛО КАКВА, царина маме ебава, без разлика дали е старо, ново, расипано, поклон итн итн... Не е тоа до ДХЛ, тоа е до Царина.
Требало комплетно да среди испраќачот, кога веќе така сте се договориле... Ја имав случај пролетоска, да треба да ми се донесе апаратот од САД, после сервисирање (купен од САД, со сеуште траечка гаранција). Ми беше у некоклу наврати потенцирано, дека не им праи разлика на Царина тоа што апаратот веќе е тука, внесен, и го враќаат од сервис, туку дека ќе треба да си платам, како и да е, или да барам „алтернативни начини“. За моја среќа, најдов алтернативен начин, пуштив налог преку ДХЛ од тука, да ја земат пратката од Вашингтон, и да ја донесат тука, на мој трошок. Пратката стигна за два дена, ми се јавија од ДХЛ, отидов и си платив поштарина.