Со оглед дека второто возило нема да се вози веќе колку што се возеше Полото, сакав интересно возилце да биде бекап варијанта и тргнав во потрага по 206 1.6 16V.
Олеснителна околност беше што сопругата сакаше 206, и доволно е да знае дека сум и купил 206, а во кој правец ќе оди колата во однос на висина на истата, перформанси и слично, не мора баш да знае.
Налетував на верзии со плин и никако не можев да начекам возило без вградуван плински уред, и така улета ова, уште па и Quicksilver верзија.
Цената беше реално многу смешна, а и штетата исто, плус лимариските делови ги имаше набавено претходнио сопственик.
Решив дека ќе се впуштам и во оваа глупост, и после еден месец стигна колата до фарбање.
Лимаријата сам ја средив, ја извлеков, ја исправив и го заменив изгужваниот лим под крилото и оквирот каде што лежи фарот. Во процесот заменети преден и заден трап, комплет подвозје, кочници, делови за мал сервис набавени од кај форумскиот дилер за делови.






Однесено кај мајсторот на фарбање, веќе е опсигувано цело, деновиве ќе добие боичка па да го склопам.
Ентериерот го извадив комплет, му направив хемиско, да го приберам и него, регистрација и после полека ауспуче, KN, итн.
