Здраво друштво,
Имам едно прашање поврзано со шифрата за боја, се работи за Ауди А4 Б7 (2005).
Во сервисната книга ја пишува следната боја (види слика подолу).

Мајсторот ми кажа дека оваа не е шифрата за боја, и дека за оваа шифра му излегувало две нијанси на бои.
Ми кажа дека треба да изгледа вака шифрата.

Но проблемот е во тоа што овој стикер никаде го нема кај мене, пребарано во Багажник кај резервна гума, пребарано кај вратите, проверено под задно седиште, проверено под шал табла, воопшто никаде го нема.
Прашањето ми е дали горната слика што е во сервисна книга е шифрата и дали по оваа шифра може да се најди бојата?
И дали тие што продават бои, со нивниот скенер може да ја најдат со скенирање на колата?