Автор Тема: Помало градско возило со ограничен буџет  (Прочитано 1124 пати)

Отсутен Kostur

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Здраво дечки, барам помало возило што ќе се вози исклучиво за градски услови, и ќе биде ставено на фирма.
Каросериски забелешки не се многу битни сега нормално да не била однесена.
Помало возило со ефтина регистрација.
Сервисирано и оддржувано, се изнагледав коли од прв газда што нема филтер сменето во колата .

Буџетот би бил 2000е со се целосно средување за пуштање во оптег, регистрација, филтер и уље

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #1 на: 08 Април 2025, 10:19:06 am »
Некое Пунто, Клио, Шевролет Калос... Друго ќе биде раздрнкано.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3134
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #2 на: 08 Април 2025, 11:36:39 am »
Од тоа нема ништо, другар. За 2000 илјади евра, ќе можеш само да купиш 4 гуми и бандажи. Заборави дека ќе најдеш технички исправна и во возна состојба кола за таа пара. Крај на краевите, истерај си одмор со 120 илјади денари. Искрен поздрав, воопшто не си фрлај пари, од тој петел нема супа

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #3 на: 08 Април 2025, 12:34:46 pm »
Пред 5 години за 2000 евра можеше да се купи 20 години стар Јарис, денес од око кажано истиот сигурно е поскап но и 25 години стар

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #4 на: 08 Април 2025, 12:37:20 pm »
Да ти продадам Yugo CL 1.1 EFI со 8400км за 1500еур, регистрирано до 14.01.2026.
Е сега нема клима и серво, ама има душа :P

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #5 на: 08 Април 2025, 12:43:53 pm »
Ќе се испотетпат со тој мотор, не е калос, снага се осеча :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #6 на: 08 Април 2025, 12:53:50 pm »
Да беше пред еден месец ќе ти дадев поло 2004 за 2.000 евра, во многу добра состојба, ама моментално ми е одложена продажбата. Ако во наредени денови се одлучам за смена ако уште бараш може да го видиш.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14705
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #7 на: 08 Април 2025, 15:21:34 pm »
Да ти продадам Yugo CL 1.1 EFI со 8400км за 1500еур, регистрирано до 14.01.2026.
Е сега нема клима и серво, ама има душа :P

8400км? Вистински 8400 километри? Ноу шит?

Отсутен Kostur

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #8 на: 08 Април 2025, 15:52:38 pm »
Ви благодарам за одговорите, прашањето ми е дали воопшто има смисла да се бара таква игла во куп ѓубриња од коли, затоа што тие коли што ги видов од нели први газди, беа коли што се носени на сервис додека имало гаранција и после тоа колата не видела ни најобично перење...

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2165
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #9 на: 08 Април 2025, 16:13:19 pm »
Нема смисла. Ќе се изнагледаш и изнаслушаш глупости и ќе изгубиш време.

Рачунај дека тоа што се продава по цена од 1500-2000, до пред година две се продавало за 800-1200. Подбро почекај и собери уште нешто, а во меѓувреме прати огласи и не брзај.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #10 на: 08 Април 2025, 17:24:29 pm »
Да ти продадам Yugo CL 1.1 EFI со 8400км за 1500еур, регистрирано до 14.01.2026.
Е сега нема клима и серво, ама има душа :P

8400км? Вистински 8400 километри? Ноу шит?

Да да, вистински 8400км, 2001год., еднаш годишно редовен сервис, а на секои 6год. ребраст, затегач и клинаст. 😀

Отсутен Kostur

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #11 на: 09 Април 2025, 12:11:54 pm »
Колкав е минималниот буџет според вас за да се набави возило кое би било со основни возечки способности односно спремно за возење без преголеми вложувања освен секако редовен сервис.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #12 на: 09 Април 2025, 12:54:29 pm »
Зависи дали бараш некоја конкретна марка/модел или тоа не е битно, доволно ли е да има само серво и клима или плус уште нешто. Во тој ценовен ранг (2000 евра +-), треба да бараш некоја кола за околу 1400-1500 евра а со останатите до 2000 да ја сервисираш, пример Пунто 2 со 1,2 бензин мотор, Шевролет Авео/Калос, Клио 1998-2000.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #13 на: 09 Април 2025, 12:59:37 pm »
206 или 206+ од поново годиште (2006 и нагоре) исклучиво или со 1.4 и 75 коњи, или 1.4 HDI ако мора дизел.

Со две раце потпишувам дека е едно од наједноставните возила за одржување во исправна состојба, произведено во милиони примероци кои уште се тркалаат и за кои уште се произведуваат нови резервни делови (кои се евтини ради економија од обем).

Од скапи дефекти има заден трап (200 евра репарација) и ако некој го запоставил разладниот систем (релиња, вентилатори итн) па да прегрее и да скине дихтунг на глава (за бензинци).

Се останато е права ситница.

Очекувај да одвоиш од 2000 за постар извозен примерок до 3500 евра за кола со мали/никакви вложувања.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5928
Одг: Помало градско возило со ограничен буџет
« Одговори #14 на: 09 Април 2025, 13:04:51 pm »
За тие пари се наоѓа добро зачуван спарк со опрема. Поголеми возила, ќе резултира на постара година и поголем крш. А спарк, се наоѓа.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html