Здраво на сите,
пред месец дена купив Audi A4 2009 со 1.8 TFSI турбо бензинец, со 160 кс, quattro верзијата. Пред недела дена почнав да слушам чуден звук, само на загреан мотор, во седење, се слуша како чукање или тропќање, и сум прилично сигурен дека е ланецот.
Знаете ли колку би ме фатело да го сменам, дали имате предлози да добри квалитетни сетови, а и со тоа мајстори кои што би се нафатиле да го сменат а при тоа да не ми земат 300.000 денари како што читам по нет.
Фала ви однапред!