Здраво на сите! Нов сум на форумот и ова е мојата прва тема.

Ми треба Ваше мислење околу овој модел на автомобил, со 2.5 tdi v6 мотор. Оваа кола ми е сон уште од мали нозе, и сега ми излезе прилика за да ја купам. Се работи за редовно одржуван автомобил, со 200 и кусур илјади километри, кои што се реални (иако е постар модел). На автомобилот евентуално треба да се направи голем сервис, што се однесува до давачки. Кое е Вашето мислење за овој мотор, дали на ваква километража ќе биде одличен, пошто читав многу различни мислења, но најголем дел од нив се за автомобили со X километража неиспитана.
Оваа кола нема да ми е главна кола за возење, моментално имам коли фала му на Бог, но сакам да си го направам ќефот со ваква машина. Секое мислење е добредојдено, фала на сите што извдоија време да ја прочитаат темата!
