Како што е редот, по долга потрага на возило (тргнав во потрага по Артеон, А5, Ц или Е класа), и по разно разни авантури со македонскиве продавачи, а и со многу малиот избор на огласи, решив дека возило какво што барам (со такво ниво на опрема) ќе најдам само од увоз.
Па така падна изборот на Audi A6 50 TFSIe увезено од Германија со ~73000km (да уште еден плагин хибрид на форум

), произведено 2020г, кое носи 2.0 бензински мотор кој комбинирано со електро моторот праат 299 Hp и 450 Nm торк.
Батеријата по спецификација е 17.9 kWh со декларирани околу 60км рејнџ, што во реалноста, уствари си нема никаква врска, т.е од кога ја имам (скоро 5 месеци), максимално што сум успеал да ја наполнам (идеални временски услови) било 43км на борд. Со уклучена клима, греачи на седишта и малку по агресивност на папуча тие 43км на борд мнооогу брзо се преполовуваат, не сум мерел точно до километар, но имам чувство дека соодносот со реалните км е малку поинаков (околу 35км реални).
Aко ме праша некој зашто плагин хибрид, а не чист дизел или бензинец, одговорот е:
- Прво, давачките за увоз се значително помали (за иста ваква кола со ваква опрема и 3.0 дизел мотор царината беше околу 18000е, за мојата платив околу 10500е).
- Второ, живеам во центарот на градот, летно време возам мотор, хаос е за паркинг, не возам многу километри годишно, и тие што ги возам се 80% во град.
Имам гаража за да ја пунам колата, па тоа е и една од причините + зашто плагин хибрид би била идеална опција за мене.
Мене лично, опремата ми значи многу, па затоа и беше тешка потрагата и беше тешко да се компензира кај што се мора.
Од опрема, покрај стандардната би издвоил:
- Full Matrix Headlights
- Head Up Display
- Panoramic glass roof
- Bang & Olufsen Premium 3D audio system
- S line sport package
- ACC Adaptive Cruise Control
- Audi Audi Drive Select, Audi Pre Sense Basic и Audi Pre Sense Front
- City assistance package
- Tour assistance package
- Business package
- Contour/ambient lighting package
- 20-inch aluminum wheels with 255/40 tires
- Rearview camera
- Heat-insulating glass on the sides and rear
- Acoustic and privacy glazing
- Camera-based traffic sign recognition
и што уште не..
Први импресии, колата е тешка (околу 2 тона, првенствено ради батеријата), моторот и е таман, добро повлекува, S-Tronic автоматикот е прецизен, исклучително е тивко внатре дури и на брзини над 150, најверојатно поради дуплата изолација и стаклата, внатре е комотна, јас сум висок 191цм и тежок околу 102кг, позади комотно може да се седи. Во град и покрај габаритноста е доста лесна за возење ( не знам како да објаснам но имам чувство дека во град (т.е при мали брзини) воланот е мноогу лесен, чим се излезе на автопат (на поголеми брзини) воланот автоматски како да се укрутува и станува потежок, и тоа во Comfort режим), лејн асистот знае да нервира поготово на необележани и тесни патишта, но во комбинација со АЦЦ-то e права уживанција за возење на автопат, се сетира да го прати тој пред тебе, и колата буквално е на ауто пилот (сама врти, сама кочи, сама убрзува). Хед ап дисплејот, е исто така многу корисен, на него има инфо за ограничувањето на брзината од камерата за знаци, навигацијата (ако сетираш дестинација), брзината, како и инфо за лејн асистот и темпоматот.
Во принцип, претходно избегавав да возам навечер, но матриксот е страшен, посебно на долги светла, буквално ден е патот, ауто опцијата за долги светла е топ и супер си работи, автоматски си го нивелира снопот, кога има кола пред тебе или во спротивна насока.
Има 2 мода на возење, Electric и Hybrid, како и два мода за пунење на батеријата у вожња, Auto и Hold. Auto се препорачува за возење на отворено, додека пак Hold модот, ја пуни при кочење (во овој мод на хед апот излага иконка кога е препорачливо да кочиш).
Третиот мод, е уствари кога мењачот е во Sport, тогаш е само бензин.
Потрошувачка:
- На отворено , по борд, во спорт мод, скопје - солун и назад, со возење 30 над ограничувања во Мкд, и 170-180 после граница - 9.5л/100km
- На отворено, по борд, комфорт мод (чат пат спорт на претицување), скопје - копаоник и назад, со возење 30 над ограничувања на автопат и по ограничувања во град, 7.5l/100km,
тестирав и на бензиска од чеп до чеп, за извозени ~440km , потроши точно 30л гориво. односно 7.1l/100km
- Во град, на хибрид мод потрошувачката е под 8л/100км
- Во град, на струја потрошувачката е нешто меѓу 30-40 kwh/100км (во зависност од температурите надвор, повеќе струја троши кога е поладно)
Pros:
- Брза е, тивка, многу еконимична, прецизна и комфортна на 18ки (на 20ки е друга приказна).
Cons:
- Рејнџот на струја после 5 години и ~73000km е 30% помал од декларираниот (можеби ова се должи и на циклусите на полнење, стилот на возење, истрошеноста и староста на батеријата)
- Итекако и фали 360 камера, едноставно не знам која е причината што претходниот сопственик на сета опрема не го додал и ова, но ете, поради габаритноста на колата и скопскиот градски метеж, 360 камера е must have.
Беа веднаш купени и монтирани 18ки оем бандажи со зимски Michelin Alpin 5 гуми за зимски сет, и испробани на Маврово и Копаоник, заедно со кватро погонот, со еден збор Ратрак и на снег и на мраз.
Дојде со летен сет 20ки ОЕМ Audi бандажи со Pirelli P Zero гуми.
Неколку слики во прилог:







