Автор Тема: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale  (Прочитано 1279 пати)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2715
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale
« Одговори #15 на: 11 Март 2025, 16:09:51 pm »
Nikad ne bi rekol deka ovoa moze da e Alfa.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2361
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale
« Одговори #16 на: 11 Март 2025, 16:40:25 pm »
2MG-кинесчиња еден жабар за цената и ја би одбрал Кинез него  величанствени Ромео.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6504
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale
« Одговори #17 на: 11 Март 2025, 16:50:00 pm »
Да бидеме реални, се губи оригиналноста на сите брендови и доаѓаме неминовно до процес каде што за да успееш во енормно конкурентен глобал пазар мора силите да се сплотат. Инаку сите оделно (опел, пежо, цитроен, алфа, фиат, џип) ќе банкротираа. Тоа е во таков свет живееме. Мене лично не ми смета зошто на крајот на денот све се менува и е подложно на промени.

Од друга страна сега се вадат нови модели секој месец но во суштина сето тоа е едно исто возило. Кога прв пат ги видов сликиве од алфава видов толку многу сличности со мојата Мока и секако пежо 2008. Дали тоа е плус или минус сосема нерелевантно.

Истото веќе одамна го прави ВАГ но таму па од друга страна поради подолго искуство колку толку има разлика која што обичниот купец нема веднаш да ја забележи.

Она што сметам дека му фали на Стелантис е ако веќе решиле да продаваат премиум и да се вика Алфа тогаш нека го земат примерот со Ауди. Не правам муабет за основните модели на Ауди, но и до ден денес Ауди А4 па нагоре моделите и Ауди q5 па нагоре имаат многу различно подвозје од ВЊ, Сеат, Купра, Шкода итн. Сеуште се премиум, користат претежно алумински делови во самото подвозје, моторите им се иако идентични поставени се надолжно, нудат за класа подобри материјали во внатрешноста од другите во ВАГ итн.

Така да, правецот е фатен како што треба но  Стелантис треба да одлучи кој ќе биде премиум и јасно да го покажат тоа во пракса.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17603
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale
« Одговори #18 на: 12 Март 2025, 07:56:14 am »
Ја возев колава некои си 50-60 километри сигурно, и од интеракцијата си донесов заклучок дека ова за мене не може да пројде како Alfa Romeo, исклучиво поради ентериерот.

Екстериерот е баш таков, дизајниран да буди нешто во тебе (задниот буди чувство на потресување од одредени агли), ама ентериерот ми е премногу логичен за да ме потсеќа на брендот што го знам и сакам.

Со Симо дискутиравме дека и ова што го возам не е Алфа, туку е Корса/Пунто, ама тука се потрудиле со врати без рамки, опција за кожни седиша со карактеристичен дизајн, мотор од 155/170 коњи во кола на која не и требаат толку коњи...

Кај Џуниор не ги осетив тие нешта кои ќе го издвојат од другарчињата на кои е базиран.

Финално, тркала. Жален избор, уште поголема штета што се 4х108 па тешко може да добие од бандажи од Џулија/Стелвио/Тонале, да заличи малку.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2361
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale
« Одговори #19 на: 12 Март 2025, 09:30:45 am »
Ова возило и сличните на него за 4 години ќе бидат измртварени и како стари млади мајки разведни. Што се однесува до цените, секогаш сум за ново возило, но оваа цена е прескапа, иако сè останато што го нудат е исто така прескапо . Но, човек се одлучува за возило од 30.000 евра, подобра опција е  половно Ауди од Белгија, од аукција, дал а5,а4,а6 со 286 коња, старо 6-7 години, и ќе биде и по-модерно, појако и поквалитетно за разлика од било кое во ранг на цената ромео,цитрон,пежо,рено со тие мали слаби мотори вградени жали боже на парите фрлени.Господинот на пур текот пежо сподели искуство иако слаб мотор џабе на 40 илјади смеќе тоа е сигнал да се избегнува евроопеец.

Јас сум за новите возила и за менување на менталниот склоп во општеството, но, пријатељу, со целата таа група на Стелантис, поголем булшит нема упоропастија се значи јебеш ти да имаш фалинки на кола со само 30-40илјади км нема збор за дискусија крај на муабетов. Секој кој сака да купи возило со слаб мотор нека се одлучи за јапански бренд - било кој Тојота, Сузуки или Нисан. Никогаш не би купил европеец, како Пежо, Рено, Јееп или други, бидејќи тие се едноставно лоши возила. Значи, за возила со слаб мотор и карактеристики, единствен избор е јапанец.Проверено исто така и кинезите се сосема коректни со тоа што нудат.

Се оградувам од македонските ауто огласи да се манат тие толку идат,царини онолку оволку друже одјеби  (коли си има со нормални цени) тие ненормални нека си ги чуват нек им седат и нека им киснат толку.Јавно ке кажам Олимпија моторс беа нормални со услугите и цените порано сега   станаа алчни па еве коли едни исти им висат нон стоп по огласи  морам да ги унфолов направам ме напиѓат кутриот тој велар секој втор ден кисне по огласи :D

Возењето автомобил е повеќе од само патување. Тоа е чувство на слобода и контрола.- Џемс

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale
« Одговори #20 на: 12 Март 2025, 13:43:35 pm »
Ја возев колава некои си 50-60 километри сигурно, и од интеракцијата си донесов заклучок дека ова за мене не може да пројде како Alfa Romeo, исклучиво поради ентериерот.

Екстериерот е баш таков, дизајниран да буди нешто во тебе (задниот буди чувство на потресување од одредени агли), ама ентериерот ми е премногу логичен за да ме потсеќа на брендот што го знам и сакам.

Со Симо дискутиравме дека и ова што го возам не е Алфа, туку е Корса/Пунто, ама тука се потрудиле со врати без рамки, опција за кожни седиша со карактеристичен дизајн, мотор од 155/170 коњи во кола на која не и требаат толку коњи...

Кај Џуниор не ги осетив тие нешта кои ќе го издвојат од другарчињата на кои е базиран.

Финално, тркала. Жален избор, уште поголема штета што се 4х108 па тешко може да добие од бандажи од Џулија/Стелвио/Тонале, да заличи малку.
Со малку труд од алфа и да нарачаат 2-3 коригирани работи од Стелантис и доста софтверска обработка на ЕЦУ ќе си добие колата одличен Алфа Ромео сигначр. Нажалост отишле со оем мотор.
Ниту со 1.75тби, ниту со 1.2: https://www.etuners.gr/peugeot-308-t9-1-2-puretech110-stage3-hybrid-turbo-98ron/

А можеле. И така во цената има простор.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11754
  • Архитект
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale
« Одговори #21 на: 14 Март 2025, 14:21:20 pm »
Ја видов на улица во некоја сребрена боја. Да не ги познвам моделите подетално, немаше ни да знам шо кола е. Многу безлична, многу проста.
Ако некој ја сака, мора да ја земи во некоја боја која ќе привлекува внимание.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14173
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale
« Одговори #22 на: 14 Март 2025, 15:58:49 pm »
Го чекам моментот кога ќе кажите дека Кинезите имаат поубав дизајн од Алфа Ромео :D

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1227
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale
« Одговори #23 на: 14 Март 2025, 16:05:16 pm »
Ја видов на улица во некоја сребрена боја. Да не ги познвам моделите подетално, немаше ни да знам шо кола е. Многу безлична, многу проста.
Ако некој ја сака, мора да ја земи во некоја боја која ќе привлекува внимание.

Ја видов црвена на паркинг пред зграда, до плаво Тонале... нема споредба.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1154
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Junior 1.2 Ibrida Speciale
« Одговори #24 на: 19 Март 2025, 19:51:37 pm »
Кажав го возев истиов мотор на тест Peugeot 2008....и за класата изгледа ок......Дури и предобро. Веќе месец и пол поседува со 1.2 мотор и 130кс со автоматик мењач 2008, и позитвно сум изненаден како се држи на пат и торкот при тргање, престигнување и слично.
Иначе да на Alfa Romeo Junior и фалат и некој побонбастични мотори. Не само електричниве, ама Стелантис има некоја чудна шема.