Регистрирана по 19 пат во наша сопственост, веќе е полнолетна и иако имав обид да ја пуштиме да живее со некој друг, добив категорично НЕ од корисникот на возилово.
Трошоци
Технички и патишта - 5.800 ден
Полиса - 3.700 ден
На изминати 106.000 км ставени зимски гуми.
Сменети и стегнати по пропис.

После регистрација втор пат во две години изгуби серво волан, и се појави поркава.

Средена кај матичниот одма, некој модул... што и да е му верувам, за 2 саата беше пак во возна состојба.
Следно за правење, фарбање на заден браник и нови сензори позади. Загребан е и ми смета, не дека се приметува.
Позади задната врата корисникот ја закачи па и тоа ќе се среди.

Кровот почна са се одлепува, тој ќе оди на лепење и седиштето е малку чепнато и тоа заедно со кровот ќе се среди.
Редовен сервис на пролет заедно со ПК каиш и ролер.
Многу си ја сакам колава

Секогаш кажувам, погочем проблем ми е оваа да не е во функција отколку Шкодата.