Бугарија е приилично лошо покриена со чарџери како што гледам, веројатно ќе се смени брзо тоа, но не е некој пример за тоа колку и како може да тераш со ЕВ поготво не искуство пред 4 години.
Цените на струја се повисоки на ултра брзите чарџери (во мк е иста), но идејата е тие да ги користиш само кратко време (30 до 40 минути), дур не стигнеш на дестинацијата, кај што може да полниш по пониски цени и подолг период (22KW AC charger-i).
Грција е одлично покриена со чарџери, како и хрватска, а и србија не е лоша. За останатите делови од европа ич да не праиме муабет. Еве една листа на број на чарџери по земји, веројатно не е конечна листа, но е добар показател кој до каде е.
https://www.electromaps.com/en/charging-stations@MecheTo До евзони се стига, по пат имаш ултрабрз во Неготино и ултрабрз во Гевгелија. Ама и тој не ти треба, пошто тргаш со ранг од барем 400км а после имаш во грција купишта, барем во овој „нашиов“ дел.
Еве тука може да се видат поасално местата со чарџери, мада не се мапирани сите.
https://map.electromaps.com/en/Не е така страшно, јас разбирам дека е многу поедноставно 3 минути на бензинска, и разбирам дека е најголем проблем за комотно користење ЕВ самото чекање слободен чарџер и полнење 40-50 минути, но пак ќе кажам, со добро и паметно планирање, многу од нелагодностите може да се избегнат. Ако не ги таргетираш „фрекфентните“ чарџери по пат, туку си спремен да се исклучиш од автопат во блиското поголемо градче кај што ќе пуниш на 22KW чарџер, побрзо ќе завршиш работа отколку да чекаш 4 коли пред тебе на 50KW чарџер, на пример.
(Не така) полека ќе се дополнува инфраструктурата, како што се зголемува и интересот за електрични возила и како што притиска европската регулатива. Јас и понатаму мислам дека вистинскиот правец од бензинци е кон фул електричари, и сум спремен да ја прескокнам некако ако може фазата на хибриди.