Ко што кажува насловот, сакам на колава да сменам акумулатор ама не сум од Скопје и е мрзи да ја носам на сервис, а и акумулатор е, нишо посебно. Ме интересира дали некој знае ако го сменам дали колата после тоа ке запали? Бидејки ко што гледав по интернет некој викаат дека не треба да и се прекинува дотокот на струја пошто после менувањето компјутерот се ресетира и треба да му се каже дека има нов акумулатор и дека додека тоа не се направи колата нема да запали. Некој па викаат менувај слободно нема да има никаков проблем. Знам дека компјутерот ке се ресетира и тоа не ми е проблем, ке направам бекап на сетинзите и после ке направам ресторе, ама ако не сака да запали па после да се заебавам да барам кој има компјутери да ресетира таму или да ја товарам на шлеп служба за у сервис е тоа не ме фака око. Исто така препорчуваат да се стави таква надворешна батерија за да држи струја додека нема акумулатор, ама таа што ја најдов да ја купам е само за приклучување на она кај што се уклучува тоа за цигари палење, ама па кај мене такво нешо нема. Нема ни пепељара. Е сеа некој да мењал да знае да ми каже од искуство прва рака дали да мењам и да не му ја мислам или да барам батерија на obd2 што се приклучува па шо е сигурно сигурно е. И ако знае некој каде би можел да купам таква батерија пошо не знам ни како се вика за да барам по интернет. Фала!